• Latest
Војо Маневски

Различности и сличности

December 7, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Различности и сличности

December 7, 2021 08:30
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Седнав да пишувам за големите теми околу мултикултурализмот, но веднаш ми се наметна прашањето за различно гледање на скоро секој момент од постоењето на различните индивидуи. Додека пребарував низ многуте дефиниции што ми се наталожиле низ сеќавањата, сопругата постојано ме прекинуваше.

За мнозинството од работите имаме различно гледање на состојбите. Ете, на пример, за тоа како се сретнавме и како тоа изгледаше? По кратка дискусија, сфатив дека ниту околу тоа немаме исто сеќавање. Она што јас сум го запамтил како важен момент, таа го пропуштила, а некој друг момент и станал важен и сега ѝ е поважен од моите слики од тогаш.

Ако само двајца имаат разлики во сеќавањето на важните моменти, што ли ќе е со цели народи на кои некој историчар им ги подредил работите и им ги принесувал како колективно сеќавање. За вистината веќе никој и не се грижи зошто таа секогаш е сопствено гледање на случките.

Живеам во место во кое се родени и живееле околу двесте личности кои влегле во историјата на неколку народи, по различни основи и различен придонес кон неа. Сигурен сум дека на своето делување гледале на друг начин и ќе бидат изненадени ако имаат шанса да прочитаат како денес ги оценуваме. Но, често се прашувам како тие ја доживувале средбата со различниот свет во кој заминувале.

Од тесните улички на Ново Село калдрмисани со речен камен, да се стапне на Софиските улици поплочени со глазирани австриски цигли е застрашувачка промена. Да го напуштиш брегот на Брегалница и да се шеташ по шеталиштата на Цирих или Брисел. Да ги прескокнуваш вирчињата низ пресушената Отиња и да се надвиснуваш над водите на Дунав во Виена. Како изгледа замената на опинците што имаат рамнина одоздола, со чевли со дрвена потпетица кои одѕвонуваат при одењето, десетици метри околу тебе. Каде во душата се чува родољубието и националната свест кога ја напаѓа обична бечка шницла со компири? Колку вредат спомените за баницатa на мајка, кога се судруваат со шушкавите кринолини на Миланските убавици? Знам дека искушението им било големо и често несовладливо, но едно е сигурно, се менувале бесповратно.

Како судирот меѓу националното и мултикултуралноста. Еднотo ти е наследство, а другoто ти е предизвик. Не сеќавањето на домот и неговата топлина, туку судирот е околу митот за минатото од кој не можеме да се оттргнеме и различностите кај другите, кои нѐ мамат со својата непознаница сѐ додека не се судриме со туѓите митови и наследства. Како убавината на семејството на брачниот другар, во првите неколку месеци или години. После, постепено се враќаш кон познатото и закрилата на сопственото семејство. Тогаш, своето и познатото го издигнуваш на пиедестал, давајќи му многу поголема вредност од неговата вистинска. Така, според мене, националната гордост прераснува во нетрпелив национализам, идеализирање на работите кои одамна станале мит, ама се подгреваат на огнот од стравот пред различното и туѓото.

Немам одговор за чувствата за кои поставив прашања, како прилог на  сеќавањата за личностите од историјата, но можам да раскажам две свои приказни за судирот со различноста во другите култури и  наследства.

Магловит ден на крајот на есента во Бања Лука, кон крајот на осумдесеттите години. Од Врбас дуваше некој ветер што нѐ тераше да побараме некакво засолниште во облик на кафеана или некој затоплен дом. Падна одлука да го посетиме колегата Мирза Делиќ, кој тогаш беше уредник на Бањалучке новине. Живееше во една зграда, која е проектирана и градена уште во австроунгарски времиња, со сецесиска фасада и високи порти на влезот. Неговата мајка Елвира нѐ пречека и по прв пат слушнав необично добредојде „селам дјецо, севап је посјетити друга у ова вунена времена“.

Широка маса со елипсоидна форма поставена со хеклано миле и тацна со филџани на неа. Додека се поздравивме со Мирза и му ги објаснувавме нашите намери за целта на посетата, ни стигна слатко во малечки чинивчиња од кристал и чаша вода. Елвира (стројна Босанка од Краина) во рацете држеше мелница за кафе и рамномерно ја вртеше рачката, додека меленото кафе ширеше пријатен мирис.

„Ево сад ќе кафа“ – нѐ успокојуваше, без да нѐ праша дали сакаме да пиеме кафе. Ма ајде, кој не пие кафе кога ќе дојде прв пат во домаќинска куќа? Тука, во нејзината култура на живеење дилема нема околу тоа. Големо ѓезве за кафе пристигна на тацната од кован бакар и околу него малечки филџани без дршка. Веднаш ни сипа од миризливата течност и седна на една голема фотелја од плетен бамбус. Полека разговаравме и пиевме од кафето. Кога го испивав кафето Елвира стануваше и ми досипуваше повторно. Некако ми беше незгодно да кажам – не сакам повеќе, ви благодарам – од почит кон нејзината грижа за нас, иако во ниту еден момент не се впушти во разговор со нас. На четвртото долевање некако ме фати страв дека многу кафе и не мора да е на добро. Малку само отпив и се држев подалеку од малечкиот филџан од Хереди порцелан.

Мирза заврши со предлогот за интервју со директорот на театарот и го сврте филџанот на тацната, па го поклопи.

„Елвира, кафа ти је била ко гром, нема је на дуњалуку“ се обрати на мајка му, а јас кога го видов спасот набрзина го допив кафето и го поклопив филџанот. Е навистина јако кафе госпоѓо Елвира ја пофалив. Ете и кај пиењето кафе сме биле различни со Бошњаците, си помислив, и таа нивна традиција треба да се почитува, иако следниот пат кај второто дополнување кафе ќе го свртам филџанот.

Панонската низина ја сечат две реки, Дунав и Тиса. Сѐ додека на поголемиот Дунав не му досади и сврти остро на лево и ја прими сета вода во себе, па така здебелен продолжи кон Ѓердап на проверка на дебелината. Е меѓу овие две реки, живеат народи кои се и слични и различни. Ретко кој не знае по два три јазика за да се разбере со соседите од сокакот или најблискиот салаш. Ги спојува некоја рамничарска меланхолија што поради некоја заборавена причина ја нарекуваат – лад.

Е таму на неколку десетици километри од Суботица живеел унгарскиот поет, новинар и голем кулинар Јозеф Секељи. По неговото име е наречен еден унгарски специјалитет – секељи гулаш. Гулаш како гулаш, чиј рецепт го знае секоја подобра унгарска домаќинка, а секако и меанџиите во кафеаните покрај реките или патиштата што се нарекуваат Чарди. Но овој специјалитет го носи името на уметникот и веројатно тоа е најголемата награда што за своето дело што ја добил.

Куќата е во центарот на местото Хегеш што во превод значи врв. Висока капија што со приличен напор може да се отвори. Кустосот на Спомен куќата беше една млада Унгарка по име Илона. Репрезент на својата нација, а посебно на нејзиниот женски дел. Висока, со кратка коса и изразени атрибути на женственост. А очите и беа сини и навистина преставуваа опасност, човек да потоне во нив, потполно да се изгуби.

Нѐ рашетуваше низ куќата на поетот и сликар, објаснувајќи ни ги деловите од неговиот живот. Можеше да зборува не само на унгарски, туку и на свахили и пак ќе ни звучеше разбирливо. Помислив на миг дали ќе се наруши пристојноста да ја повикам на кафе во мојот крај. Ризично е со такви убави очи и тоа во секој културолошки поглед. Крајот од преставувањето на ликот и делото на Секељи е дегустација на специјалитетот наречен по неговото име. Илонка објаснува дека тој ги споил гастрономските култури на унгарскиот и романскиот народ. Помешал, со префинет вкус, гулаш и кисела зелка.

За тајната на рецептот не се осмелувавме да прашаме, но љубезно бевме послужени со пристојна порција секељи гулаш. Преголемиот напор што моравме да го примениме при разделбата со Илона, логично мораше да се надополни со посета на една чарда во непосредна близина на Суботица. Во аголот тамбураши седнати на својата маса и на повишен тон расправаат за репертоарот. Висок келнер со машна во облик на пеперутка ни приоѓа и со воздржана љубезност нѐ поканува на единствената слободна маса. Коцкаст дезен на прекривката ги покрива случките што над него се сменувале од последното перење – Шта ќе те? – отсечно нѐ прашува келнерот, а од неговата физиономија и акцент можам да се обложам дека е личанин од под Велебит.

Таман да прашам дали се вика Дане, Мане или Владо кога тој загрми. „Има код Данета добра љута домаќа“ и не чекајќи да се поколебаме во изборот веднаш ни донесе бокал ракија со три чаши на кои при врвот имаше цртичка што одбележуваше половина децилитар. Прва тура и колку да не го заборавиме секељи гулашот, бараме мени. Јагнешко, печено прасечко, а за салатите и меѓу нивните долги имиња на унгарски и српски се истопорило името на нашите специјалитети. Печени пиперки со лукче и пинџур. Еее, веднаш нешто ми ја подигна гордоста.

Пинџур, братче, него како. Има да порачам три порции за да заземат пристојно место на масата со туѓите специјалитети. Оркестарот милозвучно растргаше некоја балада од Звонко Богдан, а ние кај третата тура од ракија добивме вечера. Пред мене храбро и одважно стои во земјана чинија – пинџур. Не се даваме, роде, на печениве меса и варените гулаши го храбрам, како да ми е род роден. Нема отстапување! Рововска борба и тоа без виљушка, лажица, онака по нашки, со парче леб. Но, стратегијата на паметните воини е на време да се повлечеш пред многукратно појакиот противник. Делам од пинџурот на претставниците на другите култури и на мојата чинија слетува јагнешко, парче прасечко, а меѓу нив гулаш како сврзно ткиво. Се појачуваше музиката и се редеа песни на српски, унгарски, руски, ама некој ја порача „Битола мој роден крај“. Колективното станување и силната прегратка при пеењето ми го зацврсти местото во мултикултурната заедница на микро план, приврзана за кафеанската маса на Север од Бачка.

Не знам зошто ви го раскажав ова, а требаше да мудрувам за национализмот и мултикултурализмот. Простете, ама тие поими јас вака ги разбирам, а светот е само поле за културен натпревар. Што мислите, корисно ли е ова мое писание? Добро, барем не е на штета.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот). Текстот е личен став на Авторот.

НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ