Директорот на НУЦК Дом на култура во Штип, Горан Трајков со видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.
„Моите најдобри соработници со кои работам во институцијата во која работам, се Енис, Сабина, Ристе, Билјана и тоа е богатството со кое сум опкружен секојдневно. Соработуваме и сите максимално се трудиме да направиме најдобри културни продукти за нашиот град.
Тоа е нешто што не одликува, и тоа што не држи заедно како општество, и мислам дека само така можеме да одиме напред. Сето она што е раздвојување и вадење од контекст, непочитувањето на човековите права, непочитување на различностите, слободата на говор и сето тоа, можеме да добиеме лоши и негативни појави во нашето општество.
Се друго, соработката помеѓу овие луѓе коишто ми се секојдневие во мојата институција, претставува нешто на кое сум горд секојдневно, и сум ретко среќен што имам можност да работам со таква група луѓе, кои сакаат да направиме нешто заедничко што ќе остави белег за овој град.“, порачува Трајков.
И. Крџиќ/ Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Горан Наумовски