• Latest
Биљана Јордановска

Различностите во изборите

April 1, 2021

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Различностите во изборите

April 1, 2021 15:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Биљана Јордановска

Биљана Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Различностите или разновидноста, во контекст на дефинирање на секој поединец и неговото позиционирање во општеството, се појавува во повеќе форми: пол, раса, религија, сексуална ориентација, возраст, социјален статус, економска стабилност, образование… и сите тие се уникатни за секој поединец. Најчесто тие и ја одредуваат припадноста на одредена група или заедница. И колку се поразлични толку повеќе придонесуваат кон богатството што со себе го носи животното искуство и придонесот на секоја поединец кон колективот.

Од овој аспект зошто се битни различностите за изборните процеси во една демократска држава? Колку и на кој начин е инклузивен самиот процес, а со тоа и веродостојноста на резултатите што произлегуваат како краен резултат…

Во најопшта смисла на зборот, изборите се формален групен процес на донесување одлуки со кој се избира поединец или повеќе лица за извршување на јавни функции – градоначалник, пратеници, претседател на држава, советници, претседатели на влади… Или секој поединец – гласач слободно, по сопствена волја бира еден од понудените кандидати за овие функции.

Па, колку различностите што ги носи една индивидуа може да влијае на изборните процеси? Гласачкото право  е неприкосновено, уставно загарантирано право на секој полнолетен граѓанин/ка во една демократска држава.  И тоа право не е условено со ништо друго освен возрасната граница. Без разлика од полот, религијата, сексуалната ориентација, етничката припадност, социоекономскиот статус, нивото на образование или здравствени импликации, сѐ додека се работи за граѓани, државјани, во една држава, правото на глас, на носење одлука кој, како и зошто ќе го уредува политичкото и општественото делување.

Диверзитетот во  една држава ја отсликува глобалната перцепција што светот ја има за неа.  И доколку тој диверзитет е нарушен, се случува внатрешна хаварија која зрачи негативни вибрации кон надвор. Во контекст на изборите, доколку правото на глас се злоупотреби врз основа на разликите што една група граѓани ги одвојува од друга група граѓани, најчесто, по степенот на образование, економскиот статус, етничката припадност…, се случуваат изборни нерегуларности од типот поткуп на гласачи, закани, уцени и притисоци, злоупотреба на службена положба… На тој начин, од една страна се крши гласачкото право, а од друга страна, се фрла сенка врз изборниот процес како неслободен и недемократски.

Кога зборуваме за различностите во контекст на изборите најмногу се зборува за инклузијата и тоа начесто поврзано со лицата со попреченост, но и со младите, учеството на жената во изборните процеси, како и статусот на маргинализираните групи и нивните гласачки права…

Инклузијата во контекст на изборите во принцип подразбира процес со кој лицата со попреченост се вклучуваат во сите изборни активности на еднаква основа со другите граѓани, вклучувајќи и на раководни позиции, наместо само да се обезбедува приспособување кое може да ги сегрегира лицата со попреченост од другите граѓани. Но, инклузијата е важна и од аспект на младите, како граѓани кои допрва треба да остварат гласачкото право, од една страна, а од друга страна како директни и активни учесници во креирање на политиките и добрите практики на владеење.

Токму поради родовата нееднаквост во политика и учеството на жените, пред сѐ низ призма на носители на одлуки, инклузивноста подразбира нивна подеднаква вклученост во изборните процеси и пристап до истите позиции што во пракса обично се загарантирани за мажите. Во контекст на маргинализираните групи, кога станува збор за нивната етничка припадност, се вршат злоупотреби во поширок опсег, наместо да се работи на здружување и заедничко делување. Ако се работи за граѓани што се со критичен социјален статус, се искористуваат или манипулираат преку разни ветувања за вработувања или други начини што би го подобриле нивниот животен стандард.

Инклузијата од оваа перспектива, која има за цел да ги зближи различните групи граѓани, како гласачко тело, во изборен контекст е навистина важна во насока на еднаква застапеност, пристапност, правичност и заштита на човековите права и слободи, поконкретно заштита на гласачко право и тајноста на гласање во контекст на изборните процеси.

Затоа, кога зборуваме за различностите во изборите, навистина е важно секој изборен циклус да биде насочен кон градење позитивни политики и практики во законодавните, но и етичките пракси не само на учесниците во изборниот процес, туку и на надлежните институции за нивно спроведување.

Во општество во кое нетолеранцијата, дискриминацијата, насилството, лажните вести, говорот на омраза, хибридните закани се во постојан раст, а политичките сили се во бескрупулозен костец за превласт, не треба да се заборави дека заедно и различни сме посилни. Сѐ додека сме сплотени во нашите заеднички прогресивни цели, можеме да се надеваме дека ќе успееме да креираме демократско и слободно општество.

 


Текстот е личен став на Авторката.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ