• Latest

Различностите во управувањето и практиките на социјалното работење

July 5, 2021

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025

Реакции: Банките нетранспарентни и нефлексибилни; Најголеми лихвари заштитени со закон

May 13, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Не е сѐ политика: Стари љубови и љубовници – сенки што не бледнеат

May 13, 2025
Ерол Ризаов

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

May 13, 2025
фото: РЕК

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар

May 13, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Различностите во управувањето и практиките на социјалното работење

July 5, 2021 16:52
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалните работници секојдневно се среќаваат со различни проблеми, луѓе и карактери. Тоа е клучен факт на оваа кариера – на сите различни видови на луѓе им е потребна помош и поддршка. Подобрувањето на благосостојбата на членовите на заедница значи дека социјалните работници треба да бидат способни да комуницираат со луѓе од различно потекло, со различен економски статус и огромен број различни религиски убедувања. Клиентите може да зборуваат други јазици или да се „борат“ да комуницираат на друг начин. Различностите  се централен фактор на успешен социјален работник и прифаќањето на истите, само ги прави подобри во тоа што го прават.

Културната компетенција е камен-темелник на супериорната социјална работа. Да се биде културолошки компетентен значи да се разберат специфичните културни, јазични, социјални и економски нијанси на одредени луѓе и семејства. Социјалните работници имаат единствена способност да ги разберат и потешкотиите со кои се соочуваат различни групи на луѓе и како нееднаквостите на сегашните социјални системи можат да имаат негативно влијание врз животот, без разлика дали се работи за луѓе со друга боја на кожа, членови на ЛГБТ + заедницата или луѓе кои се соочуваат со ментални здравствени нарушувања. Компетентните социјални работници се од витално значење за благосостојбата на заедницата и луѓето на кои им служат. Тие ги идентификуваат проблематичните ситуации и општествените граници, кои многу често се не фер, ги надминуваат јазичните бариери и ја разбираат структурата на семејната динамика помеѓу етникумите. Тие се сочувствителни на правата на старите лица, лицата со попреченост и  лицата од ЛГБТ + заедницата. Културната компетентност е непроценлив аспект на социјалната работа и одлика на сите одлични социјални работници.

Оваа професија повикува на бранители на социјалната правда – верување кое звучи вистинито бидејќи социјалните работници се едни од ретките групи на професионалци кои сакаат да се спротивстават на неправдата, стереотипите и неправедностите. Основните вредности што ги поддржуваат социјалните работници влегуваат во нивниот професионален живот. Социјалните работници настојуваат да промовираат политики што овозможуваат унапредување на лицата без право на глас. Тие го поддржуваат законодавството  што ги штити граѓанските слободи и ги посветуваат своите кариери на обезбедување еднаквост.

Социјалните работници имаат единствена одговорност, што ретко се совпаѓа во било која друга сфера на професионалниот свет. Тие се бастиони на промени и правда и поборници за еднакви права. Тие поддржуваат, инспирираат, ангажираат и зборуваат гласно. Социјалните работници се разновидна група од различно потекло, етничка припадност и религиозни убедувања и затоа тие се толку добри во она што го прават. На сите им треба поддршка во одреден момент, а социјалните работници се компетентни воини за социјална правда, способни да помогнат секогаш и секому.

Ирена Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ