• Latest
Photo by bantersnaps on Unsplash

Разновидноста и вклученоста се витални за културата на работното место и подеднакво придонесуваат кон благосостојбата на вработените и на компанијата

April 2, 2021

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Разновидноста и вклученоста се витални за културата на работното место и подеднакво придонесуваат кон благосостојбата на вработените и на компанијата

April 2, 2021 18:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo by bantersnaps on Unsplash

Photo by bantersnaps on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Која е дефиницијата за различноста на работното место? Повеќето луѓе ја разбираат дефиницијата за општа еднаквост и разновидност, но што значат овие во контекст на работното место?

Едноставно кажано, различностите на работното место значат дека компанијата вработува широк спектар на разновидни лица. Разновидноста честопати е погрешно сфатена како исклучиво мултикултурна работа, но таа исто така важи и за различноста на полот, расата, етничката припадност, возраста, сексуалноста, јазикот, образованието, потеклото и слично.

Но, во 2019 година, различноста на работното место не се однесува само на вработување на различни лица, туку и осигурување дека учеството на овие вработени е еднакво.

Photo by Leon on Unsplash

Со оглед на тоа што студија на Универзитетот во Мичиген откри дека луѓето ангажирани за „разновидност“ понекогаш се сметаат за помалку квалификувани, работодавците сè повеќе препознаваат дека симболичното вработувањето на разновиден опсег на луѓе едноставно не е доволно.

Во последниве години, темата за разновидност и вклученост на работното место се прошири на осигурување дека компаниите го зголемуваат учеството, перформансите и надоместокот на малцинствата, а не само симболично вработување со цел да „штиклираат кутија“.

Што е уште поважно, компаниите ја препознаа огромната вредност што можат да ја додадат во ангажирањето на разновиден спектар на поединци и личности за нивниот бизнис.

Еднаквоста на работното место има за цел да осигури дека сите поединци имаат еднакви можности за успех и спречува поединци да бидат дискриминирани или третирани поинаку, поради одредена лична или физичка карактеристика. Разновидноста, од друга страна, е да се ценат разликите помеѓу поединците и во контекст со работното место да се осигура дека се вреднуваат сите овие различни атрибути и карактеристики.

Па, зошто е важна различноста на работното место?

Разновидноста и вклученоста се витален дел од културата на работното место, не само што се важни за благосостојбата на вработените во компанијата, туку исто така и самиот бизнис ќе има корист.

Во рамките на разновидно работно место, вработените можат подобро да ги разберат меѓусебните разлики. Ова честопати ќе помогне да се намалат конфликтите помеѓу, дури и најразличните членови на тимот и често ќе ги обединува луѓето на заедничка цел наместо да ги дели. Кога вработените ќе препознаат дека разликите се прифаќаат и слават во една организација, тие најверојатно ќе бидат и посигурни во сопствените уникатни квалитети.

Photo by krakenimages on Unsplash

Охрабрувањето на различноста може да помогне да се зајакне самодовербата и перформансите од одделни членови на тимот, кои можат полесно да ги изразат своите идеи, да станат поблиски до своите колеги и да уживаат и да се гордеат со својата работа.

Вработените имаат многу поголема веројатност да се претстават подобро во средина каде различноста и вклученоста се од најголем приоритет.

Целата поента на разновидноста и вклученоста е дека станува збор за секого, не само за застапеност на групите – така што охрабрувајќи ги сите да бидат сигурни во нивната способност само ќе помогне да се зајакне моралот и ангажманот на вработените во целиот тим.

Една од клучните придобивки на различноста во општеството е огромниот опсег на идеи што можат да се истражат. Разновидноста на работното место честопати ќе резултира со многу поширок спектар на креативност, од луѓе со различно потекло, вештини и искуства.

Општо земено, вработените кои се чувствуваат вклучени и посакувани, ќе бидат по ангажирани и помотивирани да работат добро. За возврат, поангажиран тим честопати дава подобри перформанси на тимот, што го прави победнички за работодавците.

Photo by The Five Guys

Компаниите што вработуваат само мажи, на пример, се ограничуваат на вештините на половина од населението, ова е само една од многуте придобивки на родовата разновидност на работното место.

Разновидноста во работната сила расте во сите земји во светот, па дури и кај нас. Имајќи поразновидна работна средина, организацијата може да донесе подобри перформанси. Важно е компаниите да знаат за различностите и како да се справат со прашањата што се однесуваат на истите. Исто така, потребата од разновидна работна сила станува сè поголема не само затоа што има различни луѓе, туку и затоа што тие можат да дадат подобри резултати со тоа што во организациите работат различни типови на луѓе. Лидерите во организациите треба да научат разновидност (разлики во полот, возраста, полот и религијата во нивното работно опкружување и, исто така, да комуницираат волја помеѓу нив) и како тие ефикасно да се управуваат.

За креирање атмосфера во која различностите се добредојдени, имено, треба да ја промовираме продуктивноста, креативноста и професионализмот. „Нам ни се важни продуктивноста, креативноста и професионализмот, не вашето потекло или припадност!“ – е еден од слоганите кои можат да ги направат компаниите привлечно место за работливи и креативни професионалци. Успехот на компанијата зависи од тие премиси, а не од тоа дали во нив работат Македонци, Албанци, Турци, Роми или членови на една или друга политичка партија, мажи или жени, хомосексуалци или хетеросексуалци…

Ирена Крџиќ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ