ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Дали говорот на омраза на социјалните мрежи е насилство или слобода на говор?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека говорот на омраза го третираат како насилство, некултура и непочитување, но и дека му се дава слобода на тоа насилство да се изрази:
Ако е за сите исто тогаш го сметам за слобода на говорот, ако се прават отстапки ,за насилство.
Многу е интересна таа динамика. За да говориш омраза, мора да чувствуваш омраза. Од друга страна, за да изнегуваш омраза, мора да си бил изложен на вербална артикулација на омраза. И да забраниш говор на омраза, омразата нема да исчезне. Некаде прочитав дека во денешно време сите сме форматирани од, и сите сме жртви на rage fueling алгоритми. Омразата некому му погодува, му врши работа. Земи промовирај љубов, ќе ти се исмеваат, ќе те брендираат како наивен. А љубовта е, ко шо вика Бертранд Расел, највисоката мудрост.
Потикнува насилство.
Слобода за насилство!
А да прашавте зошто некои употребуваат закани? Никој така од ич ништо не мрази некого и нешто. Омразата е причинско последична категорија.
Фрустрација, некултура, непочитување.
Зависи кој како ја разбира омразата и слободата.
Психопатска омраза….
Простотилук.
Класично насилство.
Б. Ј.