11 години ДПМНЕ го оневозможуваше и загушуваше слободниот говор, ги држеше под своја контрола медиумите. Еден од приоритетите на оваа Влада беше враќањето на слободата на медиумите, вели пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Николова, во изјава за Цивил.
Денес никој не е попречен слободно да ги искаже своите ставови. Различните ставови се потребни за развој на демократијата во нашето општество. Само на тој начин ќе се дојде до поквалитетни решенија.
Дебатните емисии се една форма на слободно изразување на ставовите. Тие се значаен фактор во формирањето на јавното мислење. Токму поради тоа оние кои дебатираат треба да внимаваат на она што го изјавуваат и како го изјавуваат.
Затоа е особено важно да се препознае обидот на ДПМНЕ да ги исполитизира случувањата во дебатната емисија на Канал 5. Тоа е уште еден обид на ДПМНЕ да ги подели граѓаните, овој пат, по етничка основа.
Мојата лична заложба и истовремено заложба на мојата партија е никогаш повеќе да не се врати времето кога се жигосуваа неистомислениците. Поделбите по етничка, партиска, родова или некоја друга припадност мора да престанат поради доброто на сите во нашата држава.
М. Д.