Германската федерална полиција наведува дека речиси 208.000 украински бегалци, главно деца и жени, пристигнаа во Германија од почетокот на руската инвазија на Украина, пренесува Укринформ.
Според официјалните податоци, во земјата има 207.742 Украинци, но реалната бројка може да биде многу поголема, бидејќи не се вршат проверки на внатрешните граници на ЕУ, а процесот на регистрација, а со тоа и обезбедување помош и решавање на социјалните прашања, не е финализиран. Пресметките се прават главно врз основа на инспекциите на јавниот превоз што го користат бегалците за да стигнат до германските градови.
Во исто време, Сојузното Министерство за внатрешни работи и заедница (БМИ) го отвори порталот за помош Germany4Ukraine.de на четири јазици. Станува збор за информативна платформа за бегалците од Украина, благодарение на која добиваат сигурен извор на проверени информации со основни препораки за првите чекори по пристигнувањето во Германија.
Подготвил Д.М.