• Latest
Борјан Јовановски

Референдум за спас на транзициските моќници од европската иднина

September 7, 2022

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Референдум за спас на транзициските моќници од европската иднина

September 7, 2022 13:14
in СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Борјан Јовановски

Борјан Јовановски

Share on FacebookShare on Twitter

БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Мицковски нè повикува на референдум. Искрен да бидам, повикот ме израдува. Неподнослив станува овој наш европски лет во место. 30 години транзиција и 30 години биполарност, меѓу -сакаме Европа, ама таа Европа е курва која само што не се распаднала од сите можни венерични болести – е неподносливо. Еве, се пријавувам јавно, да бидам еден од првите потписи на списокот на Мицковски на барањето за распишување на  референдум со услов референдумското прашање да соодветствува на суштината на оваа референдумска операција.

Молам отворено да бидеме сите ние прашани кратко и јасно – Дали сме за членство на Македонија во ЕУ – точка-прашалник… без извичник. Извичникот да оставиме да се запали во главите на секој еден од нас кој ќе излезе да одговори на референдумското прашање. Резултатот од референдумот го гледам како крај на една 30 годишна агонија која стана неподнослива за сите нас. Јас ќе гласам – ЗА – слушајќи ја сопствената совест и одговорност пред иднината на моите три ќерки. И секој нека постапи така, слободно нека го пушти гласот на сопствената совест, волја и одговорност.

Прашањето кое го предлага Мицковски е демагошко и само уште една од серијата манипулации со јавноста. Дали го подржуваме Договорот со Бугарија е прашање кое без никакви дилеми оди во пакет со прашањата Дали го подржуваме Преспанскиот договор и Дали го подржуваме Охридскиот рамковен договор. Трите договори се столбови на нашата европска иднина и тоа го знае секој кој е и малку политички писмен. Евентуалниот пад на Договорат со Бугарија не може, а да не ги повлече со себе и Преспа и Охрид.

Дајте на тој референдум да видиме ако треба да расчистиме веќе со – „Шиптарите“, со „Грчиштата“, да ја вратиме ѕвездата од Вергина како што ја гледам спрострена летово по сите тараби, иако за неа никој од нас родените пред 90-та не го препознаваше тој симбол како свој, да продожиме раат да ги викаме Бугарите – Татари, чии жени ги плескавме за две „чарвени“.

Дајте да се соочиме со нас самите и да го избереме она што сме ние. Балкански народ заглавен во атавизмите на овој простор кој живее под водство на некој лидер со цврста тупаница кој ќе ни го замени митот за Тито и убавите југословенски времиња или да се определиме како европски народ кој живее во демократија и во склад со либералните европски вредности кои „старата курва“ ја направија по Втората светска војна најпросперитетен геополитички простор на планетата во кој се иселија стотици илјади наши сограѓани уморни од летањето во место и потрагата по загубените митови. Конечно, дајте да излеземе и од тоа НАТО кое, ете така, од никаде му се спротивстави на некогаш во Македонија обожуваниот Милошевиќ, а еве сега замислете ги подржува Украинците кои, исто така, замислете, се бранат од окупацијата на, за многумина овде, обожуваниот Путин.

Нели ви е преку глава да живеете во паралелни реалности!? На првата чашка ракија да се воодушевувате и да им завидувате на некои Швеѓани или Финци за тоа како тие живеат, а веќе по втората чашка да почнете да зборувате за тоа како е многу неправедно тоа што нам кутрите таа Европа ни го прави, на третата да свртите муабет за тоа во кој барем едно дваесетина пати пежоративно се обвинуваат Албанците за сите наши неправди, на четвртата да се воодушевувате од тоа како Путин јава мечки гол до половина, на шестата да ги исмевате педерите, притоа многу извесно е некој во друштвото, ако е поголемо, да е хомосексуалец ама за тој негов таен живот никој не знае, на седмата да го развеете сонцето од Вергина и да запеете некој од ужасно патетичните новокопонувани рефрени за големината на Македонија.

Се разбира, утрото носи главоболка и соочување со грдата реалност изградена на темелите на „вредностите“ во кои сте ја минале вечерта.

За жал, не верувам дека Мицкоски ќе ѝ излезе во пресрет на мојата желба да го постави прашањето искрено и отворено. Тој се плаши од прашањето Дали сте за интеграција на Македонија во ЕУ затоа што нема одговор на она прашање кое следи доколку одговориме со НЕ. Што понатаму? Каде ќе одиме? Со кого? Што ќе правиме и како ќе се снајдеме во овие тектонски поместувања на глобален план? И ред други логични прашања кои се отвораат доколку и го речеме тоа големо НЕ на Европа.

Во оваа прилика би сакал да му оддадам признание на оној политички примитивец Апасиев кој има доблест да биде барем малку искрен и јавно да си каже дека се залага да му се приклучиме на Рускиот свет и неговата евроазиска унија. За мене никако прифатливо, но барем е некаква понуда за која можеме и да дебатираме. Дајте да завршиме со оваа мазохистичка агонија во која се самосожалуваме барајќи ја вината за нашата несреќа секаде околу нас, но никогаш во нас самите.

Дајте да влеземе во соба со огледала да се видиме самите себе си, да се соочиме со самите нас и потоа да го одбереме друштвото кое личи најмногу на онаа слика која ќе ја најдеме во собата со огледала. Искрено, верувам дека и покрај сè, во таа соба ќе препознаеме лик на европски народ кој не може да се препознае во актуелната магла која ја создаваат моќници чија моќ се темели на транзициските „вредности“ чиј интерес сериозно е доведен во прашање доколку Македонија одлучи да влезе во европската трансформација.

Референдумското прашање на Мицковски е последниот обид за спасот на таа сивата транзициска моќ која се чувствува загрозена од европската иднина која никогаш не била поблиску на дофат.

Извор: novatv.mk

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ