„Од референдумот очекувам стабилна иднина и мир во државата“, вели една граѓанка од Пробиштип на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, „кои се очекувањата и размислувањата на граѓаните за претстојниот референдум?“.
Повеќето од анкетираните сметаат дека ова е шанса која не смее да се пропушти, пред се заради подобра иднина за младите во земјата.
„Мислам дека ова е најдоброто решение коешто Македонија во последните неколку години го има добиено“, „Сметам дека референдумот е фер и демократско решение за проблемите коишто ги имаме и дека ќе биде успешен“, „Треба сите да излеземе и да го оствариме своето право на глас“ и „Очекувам промени, затоа и ќе излезам да гласам“ се само дел од ставовите на пробиштипјани.
Филип Петровски
обработка на текст: Маја Ивановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Владо Крстевски