• Latest

Референдумот ќе одлучува за влез во ЕУ и НАТО

June 25, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Референдумот ќе одлучува за влез во ЕУ и НАТО

June 25, 2018 13:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека секој ден се протестира во одбрана на името, секој со своите претензии, и во Македонија и во Грција, политичкиот процес за верификување на договорот за името од грчка страна и датум за почеток на преговорите за ЕУ и НАТО, ќе се одвива во наредните две недели. 

Талат Џафери изјави дека очекува, откако Законот за ратификација на Договорот со Грција помина во Собранието, сите институции, како и претседателот Иванов да го почитуваат уставот и парламентарната демократија, а имплементацијата на Договорот ќе зависи од референдумот на кој ќе одлучуваат граѓаните, чија волја до крај ќе се испочитува.

Бујар Османи во интервју за Би-би-си изјави дека  овој Договор би ги подобрил меѓуетничките односи, со оглед дека во време на избори секогаш има поделби меѓу Македонците и Албанците. Според Османи ако пропадне Референдумот ќе пропадне и можноста за влез во ЕУ и НАТО.

Федерика Могерини, Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, ги повика земјите членки на ЕУ да ја наградат Македонија за напредокот и да одредат датум за преговори во пресрет на утрешната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ каде  треба да се дебатира за проширувањето и за априлските извештаи на Европската Комисија за Западниот Балкан.

Што се однесува до покана за членство во НАТО, Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави дека доколку пропадне референдумот не постои начин Македонија да биде дел од Алијансата. Единствена можност е позитивен исход од референдумот, потенцираше Столтенберг.

За внатрешните конфликти и во двете земји, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас објасни дека сега веќе постои една друга линија за поделба во двете земји, а тоа е поделбата на оние што се за и на оние кои што се против решение.

Што се однесува на протестите, кои веќе имаат одреден и предвидлив тек, со мали инциденти и превирања, поминуваат мирно и со истите пораки дека „името не го даваме“. На грчка страна, вчерашниот протест во Солун помина со помал инцидент кога  помала група маскирани лица, ги нападнала полициските сили со дрва и камења, а полицајците одговориле со солзавец.

И да не бидат заборавени судските рочишта, денеска се одржа уште  едно рочиште за „Монструм“.  Она што досега е конечно во случајот е одлуката на Врховниот суд во декември 2017 кога ги  укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУимеМонструмНАТОочекувањеПротестиреферендум
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result