ЦИВИЛ Медиа ги праша жителите во Аеродром што мислат и кои се нивните очекувања од референдумот.
„Референдумот ни дава шанса да опстанеме како држава. Сè друго е пропаст.Не дека јас сум од СДСМ. Мене СДСМ ме уништи, туку реално размислувам“, вели еден граѓанин.
Друг жител на Аеродром побара од премиерот да му обезбеди 1.000 евра за гробно место.
„Кажи му дека пензија имам 5.000 денари. А за другото што можеме ние, што ќе кажеме?“, се пожали граѓанинот.
„Мислам дека ќе успее. Младите треба да живеат, а не да мислат само како да одат во другите држави“, изјави жителка на Аеродром.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Јана Мицковска Попоска
Оваа анкета е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.