• Latest

Регионалниот комитет на СЗО на виртуелна седница посветена на здравствените предизвици за паневропскиот регион

September 13, 2021

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Регионалниот комитет на СЗО на виртуелна седница посветена на здравствените предизвици за паневропскиот регион

September 13, 2021 12:07
in ВЕСТИ, КОВИД-19, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за здравство и претставници на 53 држави од европскиот регион на Светската здравствена организација (СЗО) ќе имаат виртуелна средба по повод 71-та седница на Регионалниот комитет на СЗО), која ќе се одржи од 13 до 15 септември.

Регионалниот комитет е телото на СЗО кое носи одлуки. Неговите седници се состаноци од највисоко ниво на тема јавно здравје во европскиот регион на СЗО, на кои министрите за здравство се собираат еднаш годишно за да дискутираат и да донесуваат регионални политики, активности и финансиски планови со цел подобрување на здравјето и добросостојбата на граѓаните, се посочува во соопштението на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

Освен регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, на средбата ќе учествуваат и генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус, францускиот претседател Емануел Макрон, Ентони Фаучи – главен советник за здравство на претседателот на САД, како и други високи претставници на агенции, фондови и програми на Обединетите нации, граѓанското општество, билатерални и мултилатерални
организации и други партнери од областа на развојот.

Настанот може да се следи во живо на вебсајтот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа – https://streaming.uncity.dk/who/

На годишнината од Европската програма за работа за периодот 2020–2025 година со наслов „Заедничка акција за подобро здравје во Европа”, која минатата година ја усвоија земјите-членки на европскиот регион на СЗО, делегатите ќе дискутираат за постигнатиот напредок во поглед на клучните здравствени приоритети каде е потребна акција, а со цел задоволување на здравствените потреби и очекувања на повеќе од 900 милиони жители на европскиот регион на СЗО.

Главни теми за дискусија и постигнување согласност ќе бидат лекциите научени од пандемијата на Ковид-19, засилување на кампањите за вакцинација, подготовки за следната пандемија, осмислување на
нова улога и место на примарната здравствена заштита во рамките на здравствениот систем, инвестирање во менталното здравје и социјалната заштита, утврдување на програмата за имунизација за периодот до 2030 година; засилување на активностите во полето на климатските промени и здравјето, зголемување на примената на дигиталното здравство и одржливо финансирање на СЗО, се посочува во соопштението.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ