Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
По градови: Скопје 57, Куманово 10, Дебар 1, Штип 13, Прилеп 7, Тетово 19, Струга 3, Велес 4, Битола 1, Охрид 5, Кавадарци 1, Гостивар 6, Пробиштип 2, Свети Николе 2 и Ресен 1.
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од: Скопје 42, Штип 40, Прилеп 1, Тетово 16, Велес 1, Гостивар 5, Кочани 2, Пробиштип 3 и Свети Николе 2.
Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.