Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
По градови: Скопје 87, Куманово 7, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 16, Струга 8, Охрид 1, Кавадарци 1, Демир Хисар 1, Гостивар 8, Струмица 1, Кратово 1, Свети Николе 9, Кичево 3 и Ресен 5.
Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени.
Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.