Во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид, извести министерот за здравство Венко Филипче.
По градови: Скопје 83, Куманово 8, Дебар 2, Штип 6, Прилеп 3, Тетово 26, Струга 5, Битола 2, Охрид 8, Гостивар 8, Крива Паланка 1, Крушево 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Свети Николе 4, Кичево 6 и Ресен 1.
Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.