Во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
По градови: Скопје 55, Куманово 9, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 4, Тетово 20, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Гостивар 4, Гевгелија 1, Струмица 2, Свети Николе 1, Кичево 1 и Ресен 5.
Министерството соопшти дека во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје 37, Штип 3, Прилеп 5, Тетово 24, Велес 1 и Гостивар 4.
Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012.