Во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19, информираа од Министерството за здравство.
По градови: Скопје 66, Куманово 13, Штип 13, Прилеп 2, Тетово 20, Струга 7, Битола 1, Охрид 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Свети Николе 3, Кичево 6 и Ресен 12.
Од министерството соопштија дека починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје 47, Штип 13, Прилеп 1, Тетово 3, Струга 2, Велес 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гевгелија 2, Кочани 1 и Пробиштип 1.
Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164.












