• Latest

Рекорден број на новозаразени со Ковид во Србија, Словенија, Хрватска и Албанија, лоша епидемиолошка состојба во целиот регион

January 19, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Рекорден број на новозаразени со Ковид во Србија, Словенија, Хрватска и Албанија, лоша епидемиолошка состојба во целиот регион

January 19, 2022 10:41
in ВЕСТИ, КОВИД-19, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан е влошена, а посебно е тешко во Словенија, Србија, Хрватска и Албанија  каде што се евидентирани рекорден број на новозаразени со Ковид-19.

Србија вчера евидентираше рекорден број на новозаразени со коронавирус – 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци, соопшти Министерството за здравство, откако претходно Од речиси 40.000 тестирани, 45,3 отсто биле позитивни, што значи дека речиси секој втор тестиран бил заразен со корона. Во изминатото дононоќие од последици на Ковид-19 починаа 26 лица. Наглото зголемување на бројот на заразени  експертите го поврзуваат со масовните собири за прослава на Нова година.

Во предходното деноноќие во Хрватска, 6.001 лице биле позитивни на брзи антигени тестови, а биле тестирани 40.575. Кога ќе се додадат позитивните кои направиле ПЦР тестови, се доаѓа до бројката од 13.549 новозаразени, што е рекорд од почетокот на пандемијата во таа земја.

Апсолутен дневен рекорд од 8.681 нови случаи на коронавирус беше потврден вчера во Словенија, јави денеска СТА. Агенцијата посочува дека стапката на позитивност достигна речиси 63 отсто. Неделниот пораст на нови случаи изнесува речиси 17 отсто.

Во Албанија во последното деноноќие, Ковид-19 е потврден кај 2.832 лица, што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата. Од направените 8.746 тестови вирусот е потврден кај 33 отсто од тестираните.Во истиот период починале шест лица, на возраст од 59 до 90 години. Моментно активни се 22.022 случаи, од кои болнички се третираат 130 пациенти при што 14 се во многу тешка состојба.

Во Босна и Херцеговина вчера се регистрирани 3.342 новозаразени лица од вкупно 7.529 тестирани за коронавирус. Во изминатите 24 часа починаа 39 лица, од кои 25 во Федерацијата БиХ, 13 во Република Српска и едно во округот Брчко.

Во последните 24 часа во Црна Гора од коронавирус починале шест лица, а регистрирани се 1.814 нови случаи на зараза, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Меѓу починатите најмладиот имал 63, а најстариот 89 години.

Во Северна Македонија  според податоците од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа регистрирани се  2269 нови  КОВИД-случаи од  направени 7038 тестови . Од вкупниот број позитивни, 310 се реинфекции.

Едно лице почина како последица на коронавирусот во Косово, а 720 се позитивни, соопшти Министерството за здравство врз основа на најновите податоци на Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИЈЗК). Во истиот период биле тестирани 4.785 примероци, а 720 граѓани биле позитивни. Денеска оздравеле 159 граѓани, со што вкупниот број на оздравени е 158.909. Во Косово во моментов има 5.678 активни случаи.

Д.М

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ