• Latest

Резников: Еден украински војник и еден украински државјанин за време на војната вредат колку десетици руски окупатори

March 7, 2022

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Резников: Еден украински војник и еден украински државјанин за време на војната вредат колку десетици руски окупатори

March 7, 2022 10:38
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Поминаа 11 дена херојски отпор. Поради огромните загуби што ги претрпе непријателот, интензитетот на воените дејствија привремено се намали. Меѓутоа, руските окупатори се обидуваат да ги концентрираат силите и ресурсите за нов бран напади. Пред сè – врз Кијив, Харкив, Чернигив и Миколајив. Не губиме претпазливост! Руските трупи насекаде добиваат жесток отпор“, изјави Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, денес, 7 март 2022.

Министерот Резников изјави дека Владата , деноноќно, прави напори да ги заштити Уураинските граѓани.

„Рускиот мир“ се обидува да го задуши херојскиот град Мариупол со хуманитарна криза. Владата прави се што е возможно и невозможно да обезбеди хуманитарни коридори.
Тоа не е лесно. Сепак, руските терористи не си го држат зборот. Нема сожалување дури ни за децата и жените, за ранетите. Тие гранатираат станбени населби. Тие пукаат врз цивили за време на евакуацијата. Дури ни шакалите не се однесуваат така.
Ја користиме секоја минута за да ја засилиме нашта одбрана. Се прават сите напори деноноќно за да се задоволат потребите на нашите заштитници и заштитнички.
Тој потенцираше дека целиот свет гледа како украинскиот народ се бори за својата земја
Повеќе од 140.000 Украинци, главно мажи, се вратија од Европа. Десетици илјади се приклучија на Силите за територијална одбрана. Се разбира, има и такви кои бегаат. Но, целиот свет гледа како украинскиот народ се бори за својата земја.
Веќе има повеќе од 20.000 обраќања од странци кои се подготвени да дојдат во Украина и да го бранат светот од руските нацисти на украинскиот фронт. Со цел злото на Кремљ да не се проширува.
Резников се осврна и на деликатниот момент за набавката на оружје и муниција, но и дека украинските војници во сите области на одбраната демонстрираат висока вештина, уништувајќи ги руските напаѓачи.
Нема да коментирам за набавката на оружје и муниција – ова е деликатен момент. Нека се изненади непријателот. Знајте: има значителен напредок.
Меѓу другото, во текот на изминатите 3 дена, повеќе од 50.000 шлемови и панцири се упатуваат во Украина или се нарачани.
„Пресретнуваме“ веќе сошиени униформи за армиите на НАТО од добавувачи. Нашите бранители нека бидат облечени различно. Главната работа е да им биде удобно да се борат со непријателот.
Нашите војници во сите области на одбраната демонстрираат висока вештина, уништувајќи ги руските напаѓачи.
Дејствата на нашите артилерци во Миколајивската област ќе влезат во учебниците. Како и контранападите на украинските бранители на Харкив и Луганската област.
Работиме на добивање помош во областа на противвоздушната одбрана и ракетната одбрана од партнерите. Но, довербата во неизбежноста на нашата победа ја додаваат не дадените ветувања, туку украинските воздухопловни сили. И некои менаџери на „Укрпошта“ кои соборуваат авиони со руски воени злосторници.
Резников, осврнувајќи се на славната украинска историја, како најголема предност пред непријателот го посочи единството на украинското општество
Во ерата на Козаците, нашите предци ја ораа земјата, држејќи при рака меч и мускет. Денес, некои села за време на сеидбата можат со трофеи да ги опремат механизираните баталјони со засилени тенковски единици.
Војната е тага што ни ја донесе Русија. Ја донесе во домови низ целиот свет. Секој ден губиме наши луѓе. Се сеќаваме на сите и за сите се одмаздуваме.
Нашата најголема предност пред непријателот е единството на украинското општество. Русија не разбира што е тоа самоорганизирање и каква е вистинската доверба меѓу власта и граѓаните. Тие со децении ја уништуваа слободата и достоинството на народот за да добијат покорно население.
Ги има повеќе, вистина е. Тие преовладуваат во морето и во воздухот.
Засега. Засега.
Според Резников, еден украински војник и еден украински државјанин за време на војната вредат колку десетици руски окупатори.
Украинскиот народ има сосема поинаква внатрешна мотивација.Значително поголема стабилност. Ние веќе го докажавме тоа на земјата.
Брзо се наближува времето кога руската војска и регрутите ќе почнат да се кријат во сите визби на Русија, само за да не ги праќаат во војна со нашите бранители.
На крајот од изјавата, Резников потенцираше:
Ќе ги вратиме сите привремено заземени градови и села. Херсон, Каховка, Мелитопол, Бердјанск и Геническ покажаа дека е подобро окупаторите да си заминат пред да биде предоцна.
Да го задржиме стројот!
Слава на Украина!
Д.М.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ