• Latest

Реформаторите го проблематизираат вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

December 17, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реформаторите го проблематизираат вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

December 17, 2017 20:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Централниот Штаб на Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа состанок со активисти од Републичкиот штаб, 19 Окружни и сите Општински штабови низ Република Македонија. На состанокот се презентира извештајот за реализација на планот за работа за 2017 година и актуелната состојба пред закажаниот вонреден Конгрес на партијата.

Во соопштението на Реформаторите се известува дека „Централниот штаб полноважно работеше и одлучуваше во присуство на 245 од поканетите 250 активисти на ВМРО-ДПМНЕ.“ Значително мнозинство на состанокот гласаше за повеќе заклучоци. Првиот заклучок е дека „Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ во голем дел ги исполни зацртаните активности, согласно Планот за работа за 2017 година.“

Понатаму, се гласаше за заклучоците кои се однесуваат на целта на Иницијативата која е да се спроведе „темелна имплементација на принципите и вредностите за демократизација, модернизација, европеизација и обединување на ВМРО преку ВМРО-ДПМНЕ“.

Што се однесува до закажаниот вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, „Централниот штаб ги реафирмира принципите и вредностите наведени во Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и Декларацијата “Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија” пред личностите и борбата за преземање на обврската да се управува партијата. Од тие причини, нема да предложиме кандидат за претседател на овој Конгрес“.

Причината за ова е „начинот на кој се повика и брзината со кој се организира овој вонреден Конгрес, за жал може да биде причина за негово повторување во блиска иднина“ – се вели во соопштението на Реформаторите.

Џ.Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕдемократизацијаконгресреформаториреформи
Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result