Реформистите во ВМРО-ДПМНЕ ја организираат третата панел-дискусија на Внатрешната иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Панел-дискусијата ќе се одржи во хотелот „Милениум“ во Битола, со почеток во 18:30 часот. Според информацијата од претставници на оваа иницијатива, на панел-дискусијата се поканети да дебатираат и претставници од Регионалениот штаб 5.
Настанот е од отворен карактер. Реформистите ги покануваат сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат на овој настан.
Претходно, панел дискусии се одржаа во Скопје и во Штип, за што ЦИВИЛ Медиа опширно известуваше.