• Latest

Рикер: НАТО е безбедност и стабилност, а ЕУ може да обезбеди просперитет

March 28, 2024

Медиумите и изборите: Чувари на демократијата или алатка за манипулација – што е што во изборен контекст

August 15, 2025
Протест на овинари, медиумски работници и претставници од граѓански организации  пред Граѓанскиот суд во Скопје. Фото: Скриншот од видео на Призма

Извештај на Стејт департментот за човековите права во Северна Македонија: Сериозни ограничувања на слободата на изразување и медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари

August 15, 2025
Фото: Скриншот Х

Калас го повика Израел да се откаже од плановите за изградба на населби на Западниот брег

August 15, 2025

Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на Бејоглу, се приведени во истрага за корупција во општина Истанбул

August 15, 2025

По 11 дена разговори во ОН не се постигна глобален договор за справување со загадувањето од пластика

August 15, 2025

Влада: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

August 15, 2025
Руското пристаниште Оља во Астраханската област, Русија. Фото: Веб-страница на трговското пристаниште Оља

Украинските сили нападнаа пристаниште во регионот Астрахан што го користи Русија за снабдување од Иран

August 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Проукраински протест во Анкориџ пред самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025
West Bank map screenshot

Израел на пат да одобри многу контроверзна населба од 3.400 куќи на Западниот Брег

August 15, 2025
Протести во Србија
Фото извор- скриншот од видео на Н1

Судири, солзавец и демолирани простории на владејачката партија на протестите во Србија синоќа

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Рикер: НАТО е безбедност и стабилност, а ЕУ може да обезбеди просперитет

March 28, 2024 07:50
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО обезбедува безбедност и стабилност, а ЕУ може да обезбеди просперитет. Иднината на земјата е во Унијата. Процесот е тежок и фрустрирачки, понекогаш може да биде и разочарувачки, сте го поминале сето тоа, но јасно е дека тоа е најдобриот исход, порача синоќа поранешниот американски амбасадор во Скопје Филип Рикер во интервју за Сител.

–  Вие ќе останете суверена држава, но правите прилагодувања за да се движите напред и да бидете дел од нешто што е поголемо и дава гаранции за подобра иднина на земјата и на генерациите кои доаѓаат. Се работи за млада европска земја, која има долга историја и дури од времето на Бизмарк кога се зборувало за важноста на македонското прашање, да се донесе стабилност на Балканот. Го имаме одговорот на тоа прашање – демократска, мултитеничка интегрирана земја во НАТО и ЕУ, истакна Рикер, кој е и поранешен помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Смета дека интеграцијата во ЕУ може да биде решение и за проблемите со корупцијата и владеење на правото.

– Не значи дека ќе ги елиминирате  сите проблеми, но минувајќи низ преговарачкиот процес постигнувате ниво на споделени вредности, кои се рефлектираат на процесите. Владеењето на правото е клучно за тоа, никогаш не е совршено, но тоа мора да биде најважно. Независно судство, може да обезбеди легални пресуди и тоа го сакаат граѓаните. Мислам дека тоа ќе биде дел од патот напред и мислам дека иднината на земјата е во ЕУ, рече Рикер.

Потсети дека и патот кон НАТО беше отворен со прилагодувања и со, како што наведе, историскиот Преспански договор.

– Сега сте партнер и сојзуник на најуспешната одбранбена алијанса. НАТО е одбрана, колективна одбрана, соработка и демократија. Станува збир за земји кои споделуваат исти вредности бранејќи се меѓусебно од напади, како што НАТО ги бранеше САД по нападите од 11 септември 2021. Во последните две години откако Путин ја нападна Украина гледаме колку е важна таа колективна одбрана. Ќе прославиме 75 години од НАТО на самитот ова лето во Вашингтон и јас горд што Северна Македонија ќе биде таму со другите сојузници, изјави Рикер.

Во интервјуто, Рикер се осврна и на претстојните избори во земјава, нагласувајќи дека е најважно да бидат фер и демократски.

– Мислам дека можеме да го очекуваме тоа. Охрабрувам кампањата и изборите да бидат фер. Зависи и од граѓаните кои ќе учествуваат на изборите и тоа е еден вид обврска да се учествува во цензусот. Мислам дека секој граѓанин треба да мисли повеќе на иднината отколку на минатото, да учи од минатото и да мисли што може да се случи во иднина. Иднината на оваа земја е целосна интеграција во ЕУ за да славиме исто како што го славиме членството во НАТО, изјави Рикер.

Потсети дека избори годинава ќе има и во САД, претседателски и конгресни, но, како што нагласи, од неговото 31-годишно дипломатско искуство, може со сигурност да каже дека без оглед на исходот Северна Македонија нема да има подобар пријател од САД.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУНАТОРикерСАД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ