• Latest

Ристовски: Очекувам опозицијата да биде присутна на пленарната седница за законот за судови

March 31, 2018

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ристовски: Очекувам опозицијата да биде присутна на пленарната седница за законот за судови

March 31, 2018 17:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски очекува опозицијата да биде присутна на собраниската седница во вторник на која ќе се разгледува законот за судови за чие донесување е неопходно двотретинско мнозинство.

„Колку што знам опозицијата ќе се појави во вторник на пленарна седница токму за законите за кои е неопходно двотретинско мнозинство. Законот во целост е усогласен со нив и секако мора да бидат присутни на седницата“, изјави Ристоски по пуштањето во употреба на новиот Кривичен суд во Скопје.

Тој смета дека ќе се реализира планираната агенда иако Министерството за правда подолг период е без министер.

„Нема значение што нема министер и се си тече тековно како што е во Планот 3-6-9. Во средата на Комисијата за политички сиситем и односи меѓу заедниците во Собранието помина во прво читање законот за судови и за Судски совет. В понеделник сме на Законодавно правна комисија, а во вторник на пленарна седница во прво читање“, рече Ристовски.

Прашан кога очекува да биде назначен нов министер за правда, Ристовски рече дека тоа зависи од разговорите кои  се водат за проширување на парламентарното мнозинство.

На првиот состанок на Телото за следење на реформите во правосудството, како што кажа, се разговарало околу деловникот за кој имало неколку забелешки поради што не е усвоен.

„Во средата се одржа конститутивната седница, ќе продолжиме сега во среда, а потоа на секои две недели во среда од 17 до 19 часот. Во среда очекувам да го усвоиме деловникот и да се разгледа законот за судови во делот на дисциплинската одговорност на судиите која не ја расчистивме докрај со опозицијата. Заради тоа на 11 април ќе организираме јавна расправа во Собранието и тоа ќе биде изнесено пред Советот за да видиме каков став ќе заземе“, потенцира Ристовски.

Посочи дека во фокусот на работата на Министерството е носењето на реформските закони заради роковите од Европската унија, а потоа, како што кажа, ќе се посветат на несогласувањата меѓу нотарите и адвокатите.

„Веќе се одржаа две средби, една со премиерот, а вторта во Министерството за правда. Отогаш не е одржана нова средба“, рече Ристовски.


Извор: МИА

Tags: Закон за судовиОливер Ристовскиопозицијапленарна седница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ