• Latest
Ерол Ризаов

Ризаов за ЦИВИЛ МЕДИА: Се бараат гаранции од политичките партии дека нема да скршнат од евроатлантскиот пат

January 19, 2024
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Ризаов за ЦИВИЛ МЕДИА: Се бараат гаранции од политичките партии дека нема да скршнат од евроатлантскиот пат

January 19, 2024 15:39
in АНАЛИЗИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на најновите збиднувања на политичката сцена во Северна Македонија и претстојните настани и посети на високи државни претставници на меѓународната заедница, разговаравме со новинарот и колумнист Ерол Ризаов.

На прашањето за коментар за средбата Ковачевски – Заев – Ахмети, Ризаов во ексклузивната изјава за ЦИВИЛ МЕДИА вели дека сите средби меѓу политичките лидери/партии кои се случуваат, не само пред избори, туку воопшто, во кои се разговара и се прават напори да се изнајде решение за уставните измени и продолжување на патот кон ЕУ е благонаклонето и корисно и такви средби треба да се случуваат.

„Меѓутоа, не очекувам дека ќе се направи меѓупартиски консензус пред избори, но исто така можно е да нема консензус и по изборите. Коалицијата која е за ЕУ ако победи на избори ќе мора да бара консензус од опозицијата за уставните измени, и обратно, доколку победи ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да бара консензус од опозицијата“, вели Ризаов.

Тој додава дека, според анкетите, најверојатно е дека ниту една коалиција нема да има 80 пратеници за да може да се изгласаат уставните измени, што значи дека може да ја доведе Македонија во деликатна криза од која нема излез.

„За жал политичките битки кај нас се водат за доаѓање на власт, па дури потоа ќе се размислува за влез во ЕУ. Тоа е лошо. А исто така нереално е неизвесноста на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ доколку победи на избори ќе направи пропаганда и со одредени козметички измени ќе води кампања дека тие успаеале да направат подобар договор за уставните измени, и да ги изгласаат, меѓутоа граѓаните треба да знаат дека ниту може, ниту ќе направат подобра преговарачка рамка“, заклучува Ризаов, додавајќи дека тоа е веќе завршен процес.

Тој потенцира дека никој не гарантира дека ќе имаме подобра позиција и преговарачка рамка, бидејќи може да се смени геополитичката состојба и Македонија да остане во Западен Балкан со еден или два соседи кои нема да се дел од европското семејство.

„Македонија ќе влезе во дестабилизација доколку неколку соседни земји влезат во ЕУ. Ако сега нашите граѓани извадиле околу 100.000 бугарски пасоши поради заминување во европските земји, пред се за работа, тогаш, колку наши граѓани ќе извадат српски, албански или црногорски пасоши? Тоа треба да се зпрашаат политичарите“, вели Ризаов.

Тој вели дека претставниците на меѓународната заедница ќе бараат гаранции од релевантните и поголеми политичките партии и институции дека по изборите ќе го продолжат евроатлантскиот пат на земјата. Ризаов додава дека доаѓањето во земјава на помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, е токму тоа, дека тој ќе бара гаранции од политичките партии или коалиции дека нема да скршнат од евроатлантскиот пат.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ