• Latest

Ризински: Потребно е менување на перцепцијата и издигнување на интеркултурализмот

April 1, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Ризински: Потребно е менување на перцепцијата и издигнување на интеркултурализмот

April 1, 2022 12:34
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

“Би сакал да направам еден чекор понапред во дискусијата, бидејќи да, факт е дека мултикултурализмот постои во државата, е нешто што отсекогаш било овде, нешто што постоело и ќе постои во државата, нешто што ја карактеризира нашата земја. Но особено е важно да преминеме од темата мултикултурализам, кон темата интеркултурализам. Тука имаме проблеми кога треба вистински да се воспостави соработка помеѓу различни заедници, особено помеѓу млади од различни заедници, на сета таа стигма која постои кон одредени етнички заедници коишто живеат заедно со нас. Мојата препорака во однос на ова е дека образованието е особено клучно за менување на перцепцијата и особено издигнување на тие интеркултурни односи коишто би требало да постојат во едно здрава демократска заедница, со цел да можеме тој мултикултурализам да го ставиме во пракса, бидејќи не е само да бидеме свесни дека постојат различни заедници во нашата земја, туку е многу важно да стимулираме соработка помеѓу тие заедници“, посочува Дејан Ризински од МОФ на панелот на ЦИВИЛ „Мултикултурализам, дискриминација и толеранција кај младите“.

Особено е важно да се земат предвид сите предизвици што ги има на терен, што ги нуди одредена заедница, не може да се воспостави универзално правило дека “ова е начинот“ на кој ќе се практикуваат или воспоставува интеракција помеѓу млади од различни етнички заедници, но е битно да се земат различни фактори кои влијаат на оваа појава. Фактот колку една општина е хетерогена, влијае на начинот на активностите што се спроведуваат во училиштата. Колку самото училиште е хетерогено, односно има различни јазици, толку придонесува кон интеркултурно однесување помеѓу учениците, и создава можност за воспоставување поквалитетна соработка. Интересот постои, учениците се повеќе од желни да се вклучуваат во активности каде што се спознаваат едни со други, вели Ризински.

Ризински посочи дека политичкото функционирање во однос на донесување нови стратегии и потоа непостапување во тој аспект, треба да се смени.

„Нешто што е симптом на нашето политичко функционирање, што многу често се  донесуваат стратегии, заклучоци и препораки, и кои остануваат заклучени во нечија фиока, и остануваат само „мртво слово“ на хартија… Особено е важно, кога ќе се донесе еден таков стратешки документ, бидејќи вакви долгорочни стратегии би требало и централната власт и секако општините, и граѓанските организации, малку по активно да гледаат на операционализирање на овие документи. Да се знаат кои се импликациите од тој документ во пракса. И затоа најчесто се сведуваме на дискусии дека ете, донесена е стратегијата ама ништо не е сработено, ама ќе работиме на тоа. Се бележи тренд на подобрување на однесувањето кон овие стратешки документи од државата, но особено е важно дека не можеме да очекуваме дека веднаш се ќе се подобри, бидејќи институциите мора да започнат со меѓусебна соработка, бидејќи сите вакви стратегии имаат импликации кај низа министерства, за да можат крајните корисници да ја почувствуваат таа активност и резултат од таа стратегија.“

Д. Т.

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ