Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон изјави дека Русија, штитејќи го режимот на Асад, е одговорна за хемискиот напад од кој беа погодени 20-ина лица, повеќето од нив деца.
Оваа изјава доаѓа една недела откако САД изјави дека нивните војници ќе останат во Сирија на неопределен период, што ја разлути Русија, пред престојните преговори во Виена, каде треба да се бара политичко решение за граѓанската војна во Сирија, која трае седум години.
Русија го искористи своето право на вето во Обединетите нации два пати досега, за да спречи експертска анализа на потенцијалните напади со хемиско оружје од страна на режимот на Асад, тврдејќи дека нема доволно докази.
Тилерсон изјави: „Русија мора да престане да го штити режимот на Асад на седниците на Советот за безбедност на ОН, а во најмала рака, треба да престане да става вето на истрагите кои мора да се случат.“
Е.К.