Хедер Роберсон Гастон, експертка за човекови права на меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на СДА Македонија, ги разгледува механизмите што овозможуваат масовни злосторства — од пропаганда и негирање, до психолошка манипулација на обичните луѓе.
Таа ја потенцира важноста на стандардите за човекови права како универзална заштита — не само од страдање, туку и од ужасите што поединци можат да ги предизвикаат кога се водени од страв, дезинформации или национализам.
„Кога мислам на Сребреница, мислам на огромните размери на овој настан — дека над 8.300 мажи и момчиња беа убиени во јули 1995 година. Мислам на жените и девојчињата кои беа силувани, на безбројните цивили кои беа свесно и намерно оставени да гладуваат — иако светот им испраќаше храна“, изјави Роберсон.
Б. Ј.