• Latest

Роденденска програма на ЕУ Хаус: Отворање на изложба во Спомен куќата на Лазар Личеноски

November 8, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Роденденска програма на ЕУ Хаус: Отворање на изложба во Спомен куќата на Лазар Личеноски

November 8, 2022 17:46
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од роденденската програма на ЕУ Хаус ( EU HOUSE ) , утре во 12 часот ќе биде отворена изложба во Спомен куќата на Лазар Личеноски.

„Како домаќин на активностите по повод третиот роденден на Europe House Skopje под мотото „THINK FORWARD – ЗАТОА ШТО КУЛТУРАТА Е ВАЖНА“, Омаж на културното наследство на Лазар Личеноски, сме особено почестени со изборот и идејата за промоција на културното наследство. Бидејки темата на Европската Унија за 2023 е „Европска година на вештини“, изборот на Личеноски како автор и мозаикот „Апотеоза на трудот“,претставуваат глорификација на трудот (професиите), вештините.“, информираат од Националната галерија на РСМ.

Намерата на Европската делегација, со особено залагање на амбасадорот Дејвид Гир, е да даде поддршка во напорите за валоризација и реконструкција на ова особено културно наследство, Спомен куќата на Лазар Личеноски.

Прославата на третиот роденден на ЕУ Хаус почна на 4 ноември.

„Навршија три години откако тогашниот претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли (1956 – 2022) симболично го предаде клучот од Europe House Skopje на македонската младина. Оттогаш, просторот служи првенствено на младите функционирајќи како „место на новата генерација“. Трет роденден на Europe House Skopje! Ја славиме културата, културните работници и уметноста! Овој роденден е точка во која ги спојуваме културното наследство со вештините, идеите и духот на младите. Културните припадности и традиционалните идеали не само што играат важна улога во дефинирањето на тоа кои сме ние, туку и ни помагаат да го видиме светот во поинакво, позитивно светло. Tие сe катализатор на промени, промотор на вредности, и влог за идните генерации.“, информираат од НГМ.

Лазар Личеноски се вбројува меѓу основоположниците на македонското современо сликарство.

Архва Лазар Личеноски
Архива Лазар Личеноски

Со свеж пристап и различни уметнички творештва, студентите и професорите од Факултетот за ликовни уметности ќе ја изложат својата визија, интерпретирајќи ги ликот и делата на Личеноски.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на месец ноември. Наскоро ќе објавиме дополнителни датуми за посета, изјавија организаторите на настанот од  Europe House Skopje. 

Во изминативе години Министерството за култура финансираше изработка на обемен број на проектни програми. Изработен е „Елаборат за валоризација на Спомен-куќата на Лазар Личеноски“ од страна на НУ Конзерваторски центар, Скопје. Стручниот тим за изработката на елаборатот беше во состав: Томовски Лабин, дипломиран историчар на уметност, конзерватор-советник; Таневска Анета, виш конзерватор; Ристов Јован, дипломиран правник, конзерватор-советник. Во 2016 година е изготвен Основен проект за  конзервација, реставрација и реконструкција на куќата на Лазар Личеноски, фаза архитектура со конзерваторско-реставрациски интервенции, статика-конструкции, водовод и канализација, електрика и против пожарна заштита. Врз основ на Одобрение на Управата за заштита на културното наследство во 2020 година започна реализација на Проектот за спомен куќата. Во текот на 2020 започна и во 2021 е завршена фазата водовод и канализација и дел од фазата електрика која е во завршна фаза во 2022.

Директорката Дита Старова Ќесими во подготовките на Спомен-куќата Лазар Личеновски

Во тек се изработува Анекс на Проектот, со претходно направени геотехнички истражувања за поставување на дренажен систем околу објектот заради појава на влага од атмосферски/подземни води како и санација на влезниот степенишен дел на објектот кој е деградиран.

Покрај архитектонскиот проект кој кореспондира на недвижното културно добро, изработени се проектни програми и конзерваторско проектирање на движното културно наследство. Движното културно наследство е Колекција од повеќе збирки: Збирка на 122 ликовни дела (слики, цртежи и акварели), Збирка на 37 мозаици и 5 зграфити, Етнолошко-музејска збирка со обемен етнолошки материјал и Библиотечна збирка. Во февруари 2022 г. според предвидената програма на Националната галерија за 2021 г. комплетно е завршена конзервација и реставрација на збирката на мозаици. Во тек е подготовка на проектот за конзервација и реставрација на 122 ликовни дела, дел од Колекцијата на музејот. За етнолошката и библиотечната збирка се направени истражувања, методолошка класификација, внесени и евидентирани, следат конзерваторски елаборати.

„Во напорите да се обезбедат средства за еден ваков исклучително обемен и значаен проект, Националната галерија во изминатите години на повеќе наврати правеше обиди за обезбедување на вонбуџетски средства за конзерваторските работи на движното културно наследство. Во 2022 и 2021 се обративме до JICA Balkan Office преку канцеларијата во Скопје. Во 2020 година приложивме апликација за грант од програмата Cultural Grant Assistance of Japan, The Sumitomo Foundation Fiscal 2020 Grant For Projects For The Protection, Preservation & Restoration Of Cultural Properties Outside Japan. Во 2017 и 2018 Националната галерија аплицираше во Програмата на амбасадорскиот фонд на Соединетите американски држави, U.S.Ambassadors Fund for Cultural Preservation, кои веќе на неколку наврати ни доделија средства за санација и реконструкција на Даут пашиниот амам и Чифте амам. Бидејки не застануваме, оптимизмот во нас е патоказ за движење напред, веруваме дека во оваа прилика ќе имаме можност да реализираме голем дел од зацртаното со поддршка на Европската делегација во Република Северна Македонија, изјави директорката на НГМ Дита Старова Ќерими.

А.В/ НоваТВ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ