• Latest

Родова еднаквост во политиката: Од зборови на дела, ред е мажите да престанат со опструкции

November 8, 2021

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Родова еднаквост во политиката: Од зборови на дела, ред е мажите да престанат со опструкции

November 8, 2021 18:25
in ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

По 73 години откако Вера Ацева беше првата градоначалничка на Скопје во далечната 1948, денеска Данела Арсовска официјално ќе почне да ја врши својата функција. Таа и градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска ја добија довербата на гласачите, кои на овие локални избори, од вкупно 297 кандидати за градоначалници, имаа можност да гласаат само 26 жени. Според активистките за правата на жените, малата застапеност на жените во локалната власт се должи на внатрешните политики во партиите, пишува Мета.

„Немањето на свест за родова застапеност доведува до сосема мала вклученост, а со тоа што нема ни законски предвидени квоти кои би ги натерале да кандидираат жени. Кога нема мотив за вклученост на жените во високите позиции, законот е секогаш добар показател“, вели Мерсиха Смаиловиќ претставничка на невладината хуманитарна организација Легис.

Кристина Хаџи-Василева, директорка на компанијата Консалтинг за стратешки развој, која меѓу другото во своите анализи се фокусира и на родовата еднаквост, посочи дека на овие избори има дури и намалување од претходниот состав на градоначалнички, кога имаше шест.

„Кога ќе видите дека само 8,4 отсто од кандидидатите за градоначалници беа жени, не е изненадувачка бројката на избрани градоначалнички. За разлика од листите за општински советници каде што има пропишана квота (40 отсто кандидатки и секое трето место да биде резервирано за жени), за избор на градоначалник не постои такво нешто, па затоа партиите си назначуваат мажи. За жал, партиите иако имаат унии/секции/форуми на жени и сл. сепак, ретко и тешко се решаваат да ги кандидираат своите сопартијки за вакви важни позиции“, вели Кристина Хаџи-Василева.

Таа нагласува дека ваквите поразувачки резултати за жените се должат и на силниот јавен притисок и внимание на кое се изложени кандидатките, кое (нај)често е оптоварено со сексизам.

Мажите, а според изборните резултати, и жените гласачи не им веруваат на жените

Смаиловиќ објасни дека жените гласаат за опциите кои им се веќе понудени. Но, таа смета дека жените внатре во партиите се тие кои треба да се борат за вклученост.

„Мажите т.е. партиите треба да номинираат кандидати согласно квалитетите водени од сите истражувања дека жените се помалку склони кон склучување коруптивни зделки и нелегални бизниси“, нагласи Смаиловиќ.

Од друга страна, Хаџи-Василева објасни дека недовербата од гласачите се должи и на неисполнети ветувања.

„Кога од пет-шест градоначалнички, две-три нема да ги исполнат очекувањата на гласачите, разочарувањето е поголемо и му се дава повеќе на значење отколку ако од 75 градоначалници не се покажат дваесетина. Од жените секогаш се очекува повеќе“, рече Хаџи-Василева.

На почетокот на изборната кампања, Министерството за труд и социјална политика објави и поразувачка статистика во која се вели дека насилството врз жените во политичките партии е многу високо и изнесува 47 отсто. Згора на тоа, Хаџи-Василева вели дека поголемиот број партии немаат внатрешни воспоставени механизми за справување со насилство врз жени, како што се кодекси на однесување или правилници/процедури за справување со родово базирано насилство и слично.

Таа потенцира дека истовремено родовите стереотипи за жените кои влегуваат во политика, особено во помалите средини, ги одвраќаат и самите жени да преземат такви обврски или да поддржат други жени. Кај жените секогаш општествениот ангажман се смета како „крадење“ од времето за семејството и често тие жени се сметаат за расипани и неморални. Од истите причини отсуствува и основна солидарност меѓу жените.

Слична констатација има и Смаиловиќ.

„Внатре во интерпартиските кругови, каде се донесуваат одлуките барем во помалите политички партии и партиите на помалубројните заедници одлуките се донесуваат на неформални средби, во доцните часови, надвор од партиските седишта“, рече таа и нагласи дека жените кои нема да го прифатат тој начин на работење не се ни запознаени со постапката на одлучување, туку само крајната одлука.

„Жените од политичките партии кои сакаат да бидат номинирани на повисоки функции, мора да бидат „идеални“ и според физичките карактеристики но и сите други детали од нејзиниот приватен живот. Коментарите на социјалните мрежи се брутални кон жените. Секако е за поддршка кампањата која започна непосредно пред изборите наменета против насилството врз жените во политиката, но и еден од слоганите е дека „мажите треба да направат повеќе“, забележа Смаиловиќ.

Именката градоначалник, кажана во машки род, на активистките за женските права им остана како невкусен впечаток од изборната ноќ, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ѝ ја честиташе победата на Данела Арсовска. А, забележаа дека дури и самата таа се нарече градоначалник.

„И зборот ректорка не се користеше, сè додека на таа позиција не дојде Радмила Кипријанова. Потоа стана нормално именката ректор да се користи во женски род. Македонскиот јазик е продуктивен и дозволува создавање форми за женски род од nomina agentis т.е. вршители на дејства како на пример учител-учителка, домаќин-домаќинка, ученик-ученичка, па и градоначалничка. Тие што не ја користат оваа можност не си го познаваат јазикот“, забележа Хаџи-Василева.

Теута Арифи, која беше градоначалничка на Тетово осум години, уште 2019 година на конференцијата „Улогата на жените во очувувањето на мирот и безбедноста / Реозлуција 1325 основа за акција“ рече: „Сметам дека мирот и демократијата се единствената шанса за жените. Секоја друга комбинација и опција дава можност на патријархат кој може да личи на политичка програма и на сè друго, на патријархат со кој шансите на нас жените ни се многу помали, затоа што во целиот тој наратив ние би се дефинирале, како што тоа Ниче филозофски го објаснил за жените кога рекол дека најубавата позиција за жената е да биде еден фин, мек јастук на воинот. “

И Смаиловиќ смета дека патријархатот на Балканот премногу влијае во перцепцијата на жената и нејзините права и можности да биде активен лидер и учесник во политиката.

„Генерално и во светот постојат движења и борби за вклученоста на жените во политичките партии. Но, кај нас додатно го отежнува фактот на силното влијание на патријархатот, во кој улогата на жената е сведена само на домот, на репродукцијата како и грижата за семејството и домот. За да се доживее жената во друга форма и улога, потребно е да се работи и со жените и со мажите. Тоа треба да го сфатиме како заедничка борба и заложба.“ рече таа.

Со оваа констатација дека родовите стереотипи влијаат на создавање родови идентитети и улоги кои треба да ги преземаме во едно општество се согласува и Хаџи-Василева

„Тие важат како за жените така и за мажите, па така од мажите се очекува да заработуваат, одлично да возат автомобил, да следат и сакаат спорт и сл. За жените очекувањата се дека треба да се образовани, да работат, да се занимаваат со домашните обврски, да се посветени на децата. Кога некое општество вака ќе ги постави очекувањата сè што е надвор од нив е потешко остварливо за двата пола“, коментира Хаџи-Василева.

Дополнително, активистките потенцираат и дека за време на кампањата која се водеше на овие локални избори имаше бројни коментари во стилот дека на жената местото ѝ е во кујната, каде што треба да прави летна манџа.

Според Смаиловиќ оваа кампања беше навистина со ниски разговори, имаше и коментари дека жената политичарка не била добра зошто не носела фустан и слични други квалификации, кои за нас гласачите го минимизираат тој кој таквите навреди и стереотипни реченици ги кажува.

„Местото на жената е таму каде и на мажот, истото не треба да биде минимизирано само поради фактот што е жена и да биде лишена од одредени позиции само поради нејзината биолошка природа. Жената може и мора да биде вклучена во сите процеси на одлучување, започнувајќи со политичките партии и нивната перцепција за жената во партијата“, нагласи таа.

„Местото на жената е секаде каде што таа сака да биде“, надополни Хаџи-Василева и додаде дека за да успеат, на жените им требаат политики прилагодени на нивните потреби – поддршка да се занимаваат со теми, области кои се сметаат за типично машки, споделување на примери на жени кои успеале, слобода да се изразат, право да располагаат со своето тело, сами да носат одлуки за себе.

За поразителната родова нееднаквост, активистките со кои разговараше Мета.мк велат дека се должи и на недоследноста на политичките лидери и на неостварените ветувања во текот на изминатите години во поглед на родовата еднаквост.

„Потребни се силни заложби кои ќе бидат видливи. Министерки, раководителки, пратенички, градоначалнички, тие сите треба да бидат номинирани од страна на раководството на партии или да бидат поставени од страна на раководните органи во Министерствата. Потребни се дела, наместо зборови“, апелираше Смаиловиќ.

„Многу е едноставно решението, треба само од зборови да се прејде на дела“, потврди и Хаџи-Василева.

Според нив, жените иако се рамноправни во заедницата, тие имаат различни потреби од мажите кои треба да можат слободно да ги артикулираат и да застапуваат за тие да се решат. Од таа причина, жените се секогаш додатно мотивирани околината на своето семејство да биде соодветна на нивните потреби, да имаат безбедни улици, тротоари, велосипедски патеки, паркови и зелени површини. А, идентификацијата на проблемите на една општина доаѓа од секојдневното живеење во неа.

Затоа Хаџи-Василева апелира дека жените треба да бараат еднаков пристап до сите позиции и сето она што им треба, за да можат да живеат слободен живот кој ќе овозможи да го искористат сиот свој потенцијал без заддршка.

„Јас сметам дека вековната борба на жените е завршена, свесни сме, зајакнати, сега е на ред на мажите да не ги опструираат патиштата на прогресот и еднаквоста“, заклучи Смаиловиќ.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ