• Latest
Добро утро со Орданоски

Рогови во вреќа

October 18, 2017

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Рогови во вреќа

October 18, 2017 07:59
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Е[/dropcap]дна од последиците од ваквата убедлива победа на СДСМ на локалниве избори е фактот што, во политичка и психолошка смисла, сега тие ја „поседуваат“ одлуката за распуштање на Собранието и за евентуално одење на нови парламентарни избори. Тоа наскоро ќе биде така и во математичка смисла, бидејќи за очекување е дека десетина пратеници од опозиционата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат желба за промена на „дресот“ и за збогување со губитникот Груевски.

Нема со такви идеи да излезат само оние пратеници кои не се членови на ДПМНЕ, туку од расплетот на „анализите“ и „синтезите“ што во една марксистичка дијалектичка смисла ги најави Груевски – за да може да се оцени влијанието на гео-термалните води и сончевите мени врз тектонската промена на расположението на бирачите во Македонија – ќе зависи и однесувањето на добар дел од пратениците на оваа партија кон својата матична припадност во Собранието.

Но, не заборавајте, уште не сме расчистиле со „митот за мениците“ за пратениците на Груевски, односно со тоа дали Фамилијата, како секоја пристојна мафијашка организација, освен со политички средства, лојалноста на пратениците кон себе не ја обезбедила и со некаква материјална „омерта“, односно со дебели банкарски гаранции за да не мора, баш во вакви ситуации како сегашнава, да се заебава со моралните и политичките светогледи на секое поединечно грло од своите „овци“ во собраниското партиско „трло“.

„Е, па, слободата си има своја цена, да видиме кој ќе биде подготвен да ја плати!“, ми вели еден загреан реформист од таа партија кој најавува јавна иницијатива до надлежното обвинителство за тоа да ги провери индициите за ваквата нелегална банкарско-гаранциска пракса во ДПМНЕ. Во таа партија, очигледно, нема да се оди на мирнодопско примопредавање на власта, а сега ќе се провери и дали димензиите на лифтовите и на тајните подземни ходници под главното партиско седиште – тој иден дониран репрезентативен студентски дом – во центарот на Скопје се планирани адекватно на димензиите на партискиот сеф што треба да се изманеврира и да се пренесе на „резервна“ груевистичка локација. Којзнае колку валкани тајни (оти, пари таму нема да се најдат) содржи таа „последна линија на одбраната“ на Фамилијата од бунтот во сопствените редови.

Што е право, Заев јасно стави на знаење дека во догледна иднина не планира да го распушта Собранието и да оди на избори, бидејќи на Македонија ѝ е крајно време нешто да почне и да работи, а не само да се занимава со политика од сабајле до вечер, 365 дена во годината. Колку за илустрација: списокот за неопходни реформи во државава е подолг од списокот на станови и деловни простори што ги поседуваат градоначалниците во заминување, па самото тоа ви кажува кој е респектибилниот обем на работата што нѐ очекува!

Сепак, за дефинитивни заклучоци за истрајноста на политичката стабилност на Македонија по локалниве избори препорачливо е да се дочека и новиот градоначалнички расплет меѓу албанските партии. Тоа во голема мера ќе ја одреди среднорочната политичка судбина на БЕСА, на димензиите на суетата на Зијадин Села и на позициите на Али Ахмети кон фракциите во сопствената партија. И таа „вреќа со рогови“ ќе треба Заев некако да ја менаџира, ако сака да обезбеди релативна стабилност на својата влада за предизвиците што нѐ очекуваат.

Пусти Заев, што му беше едноставно додека беше во опозиција: Грујо си беше надлежен за сѐ, а Заев само за неговото уривање. Оди сега фати му го крајот!

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ