• Latest
Маријана Рогожаска Поповска, претседателка на Совет на Општина Штип/фотографија: Б. Јордановска

Рогожарска Поповска: Наместо со промовирање на кандидати, во Штип, за жал, секогаш се стартува со црна кампања

November 9, 2020
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Рогожарска Поповска: Наместо со промовирање на кандидати, во Штип, за жал, секогаш се стартува со црна кампања

November 9, 2020 10:22
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Маријана Рогожаска Поповска, претседателка на Совет на Општина Штип/фотографија: Б. Јордановска

Маријана Рогожаска Поповска, претседателка на Совет на Општина Штип/фотографија: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Актуелна тема овие денови се предвремените локални избори во Штип и Пласница. Поради пандемијата со Ковид-19 во јавноста имаше доста реакции дали е потребно тие да се спроведат, колку тие ќе влијаат на функционалноста на општините, постојат ли законски можности општините да добијат нови градоначалници на редовните локални избори…

На оваа тема разговаравме со претседателката на Советот на Општина Штип, Маријана Рогожарска Поповска. Со  Поповска разговаравме и каква кампања се очекува и каква е моменталната состојба во Штип.

 

ЦИВИЛ Медиа: Откако актуелниот градоначалник на Општина Штип, Благој Бочварски беше назначен за министер , општината доби нов привремен градоначалник. Може ли да ни кажете малку повеќе за тоа на кој начин беше избран сегашниот ВД градоначалник и дали при назначувањето на нов градоначалник општината се соочи со проблем во функционирањето?

Рогожарска Поповска: ВД градоначалник се избира доколку се исполнети условите за престанок на мандатот на досегашниот градоначалник, а се точно уредени условите поради кои доаѓа до престанок и потребата за избор на нов градоначалник. Избор на ВД градоначалник се врши од советниците во Советот на Општина Штип на тој начин што е иста постапката за избор на претседател на Советот , односно со мнозинство гласови од вкупниот број на советници се избира еден од советниците.

Се формирира кандидациона комисија која исто така ја сочинуваат членови на Советот на Оппштина Штип до нив се доставуваат предлози за тоа кој им претензии, амбиции за да стане ВД градоначалник на Општина Штип и по азбучен ред се гласа за секој од овие кандидати. Кај нас имаше само единствен кандидат , моменталниот  ВД градоначалник кој со мнозинство гласови беше избран за вршител на должноста.

Во однос на тоа дали сме се соочиле со проблеми, можам слободно да кажам дека не дојдовме до ваква ситуација , бидејки навремено беа преземени сите дејствија во однос на известување до Влада дека настапила ваква ситуација поради која што доаѓа до престанок , истото беше проследено до Собранието, при што во самиот момент на распишување на избори ние сме должни да избереме ВД градоначалник. Значи една недела по распишувањето на изборите , како точка на Советот на Општина Штип се најде изборот на вршител на должноста на Општина Штип.

ЦИВИЛ Медиа: Во моментот се распишани локални избори, за какви избори станува збор и колку ќе трае мандатот на новиот градоначалник на Општина Штип.  Но и од каде е потребата да се одржуваат овие предвремени локални избори?

Рогожарска Поповска: Законот за Локална самоуправа предвидува дека ВД може да биде најмногу 6 месеци, со оглед дека наредните локални избори кои би вклучувале избор на совет и на градоначалник се следната година во септември, тоа значи дека овој период е подолг од 6 месеци поради што, мора да има предвремени градоначалнички избори. Мандатот на лицето кое ќе биде избрано за градоначалник ќе биде до следните регуларни локални избори.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е ситуацијата во моментот во Штип и каква е вашата проценка за кампањата што ќе се води во пресрет на изборите за нов градоначалник ?

Рогожарска Поповска: Во моментот е се поизвесно дека кампањата ќе започне, за жал во Штип можам да кажам дека секогаш од старт се почнува со црна кампања наместо со промовирање на кандидати. Веќе се шпекулира со имиња од двете најголеми политички партии, меѓутоа постојат најави дека ќе имаме кандидати и од помалите политички партии, во неизвесност сме бидејки и од двете најголеми политички партии се вратат повеќе имиња, сите се во исчекување на имињата кои ќе излезат на површина. Потоа очекуваме да започне и самата кампања, се надевам дека овој пат ќе одиме повеќе со промовирање на кандидатите , во она што е идејни проекти за развој на градот,а помалку на црна кампања и дискредитација на одредени личности.

ЦИВИЛ Медиа: Дали постоеше можност да не се одржат изборите со оглед на тоа дека идната година истекува  мандатот на градоначалниците избрани на локалните избори 2017 година ?

Рогожарска Поповска: Како што и претходно кажав според Законот за локална самоуправа, единствена можност за неодржување на предвремени градоначалнички избори е доколку овој рок беше не подолг од 6 месеци. Но, од моментот на престанок на функција на градоначалникот, заменик градоначалникот има обврска да ја извести Владата дека настапиле некој од условите поради што се бара мислење за распишување на нови избори , од Владата ова мислење се доставува до Собранието кое дава зелено светло за започнување на предвремените избори. Доколку постоеше можност, со целата ковид криза и самите финансиски издатоци и ресурси кои би требало да бидат дадени за реализација на овие предвремени градоначалнички избори, никој немаше да размислува доколку имаше форма и можност истите да не се одржат. Бидејки министерот беше назначен на 1 септември до следниот септември е речиси цела година , така да не постојат законски можности како со вршител на должноста ние би можеле да останеме до крајот на регуларните локални избори.

Предвремените локални избори во Штип се распишаа на 2 октомври, откако градоначалникот Благој Бочварски беше назначен за Министер за транспорт и врски, изборната кампања започнува на 21 ноември, a изборите треба да се одржат на 13 декември.

 


Интервјуото со Маријана Рогожарска Поповска е снимано на 31 октомври, за време на нејзиното учество на семинарот за транспарентни и одговорни политички процеси во Штип, во организација на ЦИВИЛ

 

Симона М. Живкова

камера и монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ