Руската агенција за следење на медиумите „Роскомнадзор“ денеска ги предупреди медиумите во земјата да не емитуваат интервјуа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и отвори истрага против оние кои го веќе тоа го направија, пренесува Миа.
Ова доаѓа откако Украинскиот претседател преку видео линк разговараше со новинари на опозициската руска телевизија Дожд, независниот портал Медуза, чии страници се блокирани во Русија и дневниот весник Комерсант.
Во краткото соопштение што Агенцијата за мониторинг на работата на руските медиуми го објави на социјалната мрежа и на својата веб-страница се наведува дека многу руски медиуми веќе го интервјуирале Зеленски.
„Роскомнадзор ги предупредува руските медиуми дека треба да се воздржат од објавување на интервјуа“, наведува агенцијата, но не ја наведува причината зошто го објавува предупредувањето.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на обидот на Русија да го цензурира неговото интервју, дадено за независни руски новинари, оценувајќи дека „Москва е исплашена поради новинарите кои можат да ја кажат вистината“.
– Силни луѓе на нашата силна земја, денеска е денот кога повторно се уверувам колку сме далеку од Руската Федерација, изјави Зеленски во своето вчерашо обраќање.
– Замислете, во Москва беа исплашени поради моето интервју со руски новинари. Оние новинари кои знаат да ја кажат вистината, нагласи украинскиот претседател.