Во Судот во Солун денеска треба да се одржи рочиште за барањето од македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“.
Минатото судско рочиште беше одложено поради отсуство на адвокат од адвокатскиот тим на Грујевски и на Бошковски.
Двајцата се во притвор во затвор во близина на Солун. Ним им се суди во солунскиот суд и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун, кога се обидоа да заминат за Будимпешта.
Ова судење е одвоено од постапката за екстрадиција. Тоа досега беше двапати одложувано бидејќи Судот во Солун не можеше да обезбеди преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.