• Latest

Репортер на Би-Би-Си: Младиќ е архетипски психопат

November 23, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Репортер на Би-Би-Си: Младиќ е архетипски психопат

November 23, 2017 10:17
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот репортер на Би-Би-Си, Пол Мартин за „Индипендент“ раскажува за своите искуства со поранешниот командант на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, нарекувајќи го психопат.

Мартин, кој го интервјуираше Младиќ за време на војната во Босна и Херцговина, наведува дека воениот лидер на босанските Срби бил поинаков од другите воени злосторници кои ги запознал за врема на неговата 40-годишна кариера.

„Беше поинаков од сите други воени злосторници, кои сум ги сретнал. Немаше ниту трошка сочувство или емпатија. Тоа го видов во неговите безизразни сини очи и неговата опсесија со сопствениот живот. Беше архетипски психопат“, истакнува Мартин.

Тој го опишува и односот на Младиќ со командантите на бошњачките и хрватскте сили.

„Младиќ толку долго служеше во Југословенската народна армија што лично ги познаваше голем број команданти од бошњачката и хрватската страна. Понекогаш разговараа по радио врска. Ќе ги прашаше за здравјето, за жените и за деца, а потоа ќе им кажеше – за десет минути ќе ве испратиме до пеколот и назад или нешто слично“, истакнува Мартин.

Тој тврди дека и односот на Младиќ со поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ бил непријатен.

„Еднаш додека двајцата стоеја пред мене прашав кој од кого добива наредби. Младиќ рече дека поднесува извештај, но оти тој е командант во таа војна“, пишува Мартин.

Тој додава дека еднаш со хеликоптер отишол со Младиќ и Караџиќ „да види масакр во српските села“.

„Кога слетавме видовме тела на 28 Срби. Караџиќ се сврти и во камера изјави: Ако вака се продолжи, мислам дека нема да останат муслимани во Босна“, тврди Мартин.

Караџиќ минатата година е осуден на 40 години затвор, а Младиќ вчера е осуден на доживотен затвор.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: пресудаРатко МладиќСрбијаСребреницаХаг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ