Руските пропагандисти шират лажни информации за мобилизација на жени во редовите на украинските одбранбени сили, го пренесува Укринформ соопштението кое Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина го објави на Телеграм.
Голем број проруски телеграм канали шират фотографија од документ, наводно потпишан од началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Серхи Шаптала, во кој се наведува дека територијалните центри за регрутирање „до 15 јуни 2022 година имаат рок да подготват списоци на жени вклучени во воениот регистар […] и спроведат мерки за мобилизација“. Тие, исто така, „до 31 јуни 2022 година треба да организираат мерки за воена регистрација на жени на возраст од 18 до 60 години“.
Сепак, оваа информација е лажна, а и самиот документ е лажен, соопшти центарот.
Оваа лажна вест е произведена за „домашните потрошувачи“ и има за цел да создаде центри на социјална нестабилност во некои региони на Украина, се вели во извештајот.
Подготви: Д.Мишев