Ова се часови кога кучињата на војната не седат мирни. Во раните попладневни часови на 24 јуни, додека колоните на воени и оклопни возила на „Вагнер“ се приближуваат кон Москва без некој особен отпор, се јави и чеченскиот моќник, Рамзан Кадиров.
Тој на својот Телеграм канал соопшти дека веќе испратил чеченски единици во „зоните на напнатост“ во Русија.
„Министерството за одбрана и борците на Националната гарда на Чеченската Република веќе заминаа во зоните на напнатост. Бунтот мора да се задуши, а доколку се неопходни остри мерки, ние сме подготвени!“, соопшти Кадиров, долгогодишен послушник и марионета на Путин.
И тој, како и Путин неколку часа порано, го нарече бунтот на Пригожин „нож в грб“ и ги повика руските војници да не попуштаат на какви било „провокации“.
Џ. Д.