Во екот на тензии на Косовско-српската граница, руската паравоена група „Вагнер“ (Wagner) пред неколку дена објави дека создала „центар за пријателство и соработка“ во Србија, пренесе Бота Сот.
Групата „Вагнер“е позната како приватна армија на Путин, бидејќи се работи за паравоена група која вклучува добро обучени платеници. Групата е предводена од Евгениј Пригожин, руски бизнисмен и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.
Токму Пригожин на каналот Телеграм објави дека го отворил нивниот културно-информативен центар за пријателство и соработка „Орли“(Orly) во Србија и дека со овој центар ќе раководи Александар Лисов, кому му е забранет влез во Косово.
Целта на нашиот центар е да ги зајакне пријателските односи меѓу Србија и Русија преку мека моќ“, се вели во изјавата.
Центарот ќе се вклучи во информативна пресметка со руските либерали кои доаѓаат во Србија и работат против Москва.
Ивана Страднер, експерт во Фондацијата за одбрана на демократии со седиште во САД, во изјава на нејзиниот профил на социјалните мрежи рече дека сигнали за таква соработка меѓу Русија и Србија биле дадени пред неколку месеци.
Н. Абдурахмани