Руската тенисерка Марија Шарапова, која е родена во областа Тјумен (Русија), но долги години живее во странство, ги повика своите поддржувачи да им помогнат на Украинците кои страдаат од руската воена агресија, пренесува Инкор.
Секој ден моето срце се повеќе и повеќе се крши, многу е тешко да се гледаат фотографии и да се читаат приказни на семејствата, децата погодени од растечката криза во Украина, напиша Марија Шарапова на својата страница на Инстаграм.
Донирам пари за добротворната фондација Save the Children, организација која работи неуморно за да обезбеди храна, вода и лекови за оние на кои им е потребна. Ве молам придружете ми се. Се молам за мир и ја испраќам мојата љубов и поддршка на сите засегнати“, посочи Шарапова.
Добротворната организација Save the Children, која ја спомна тенисерката, ги штити децата ширум светот повеќе од 100 години.
Подготви: Жорж Димовски