Во Северодонецк, регионот Луганск, руските агресори пукаа на цивилит кои чекаа ред пред самопослуга, убивајќи и повредувачќи луѓе, пренесува Укринформ.
„Повторувајќи го вчерашниот инцидент во супермаркет во Харков, окупаторите стрелале во продавница во Северодонецк. Имаме убиени и ранети, бројот се утврдува. Орките цинично убиваат Украинци! Тие намерно ја гаѓаа редицата! Луѓето само дојдоа да купат храна, објави шефот на регионалната воена управа на Луганск Серхи Хаидаи на Фејсбук.
Вчера, руските агресори отворија оган врз цивилни цели во Северодонецк: ја гаѓаа детската болница, за среќа пациентите и персоналот беа навремено евакуирани.
„Денес „рускиот мир“ тропна на вратата на децата – руски чудовишта отворија оган врз детската болница во Северодонецк. Како резултат на тоа, покривот се запали. За среќа, сите млади пациенти, нивните мајки и персоналот беа навремено евакуирани. Не разбирам како може човек да крене рака за да нишани кон децата? Како ќе живеат овие ѓубриња со ова? Нема прошка за нив! рече гувернерот на областа.
Д.Мишев