• Latest
Хроза, Харкив, по рускиот напад, 5 октомври 2023

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Убиени најмалку 49 цивили, меѓу кои и шестгодишно дете, во ракетен напад врз село во близина на Харкив

October 5, 2023

24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

August 11, 2025
Илустрација: ВИ

„Независни заедно“ и ЗХГ бараат потписи за политичка платформа поради правен вакуум и покрај укинувањето на Правилникот за собирање потписи на независните кандидати

August 11, 2025
Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

August 11, 2025
Мицкоски, прес, 17 ноември 2024, по состанокот со Македонската банкарската асоцијација (скриншот од снимка на Владата)

Кукавичко одземање животи и убивање припадници на МВР и одбрана не може да биде чесна и праведна војна, вели Мицкоски во реакција на изјавата на Меџити дека војната на УЧК била праведна

August 11, 2025

По вчерашното убиство, директорот на БЈБ во посета на СВР Тетово: Нема да дозволиме насилството на поединци да ги нарушат сигурноста и мирот во заедницата

August 11, 2025

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, во 25 училишта ќе има потреба од доградба на училници

August 11, 2025

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

August 11, 2025

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

August 11, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада го исклучи сигналот на News24, новинарите протестираат; Радомир Лабан – од осуденик во Србија до судија во Косово и безбедносен ризик

August 11, 2025
Фото: Роман Шеремета/ Фејсбук

Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин: Опасна некомпетентност од некомпетентна администрација

August 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Убиени најмалку 49 цивили, меѓу кои и шестгодишно дете, во ракетен напад врз село во близина на Харкив

October 5, 2023 16:43
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Хроза, Харкив, по рускиот напад, 5 октомври 2023

Хроза, Харкив, по рускиот напад, 5 октомври 2023

Share on FacebookShare on Twitter

Путиновата агресорска армија денеска уби речиси 50 луѓе во артилериски напад во Харкив, изјави висок претставник на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

И амбасадорката на Украина во нашата земја, Лариса Дир, на социјалните мрежи извести дека е погодена продавница во Харкивската област, при што загинаа 49 лица, меѓу кои и шестгодишно дете. Таа нагласи дека на Украина ѝ е потребна помош со муниција и средства за противвоздушна одбрана што е можно поскоро.

„589 ден. Сега! Харкивска област. Купјански реон. Државата-терорист рф погоди продавница – загинаа 49 лица, меѓу кои 6-годишно момче. руските убијци убиваат Украинци секој ден, потребна ни е помош со муниција и средства за противвоздушна одбрана што е можно поскоро!“ – објави украинската амбасадорка.

589 ден. Сега! Харкивска област. Купјански реон. Државата-терорист рф погоди продавница – загинаа 49 лица, меѓу кои 6-годишно момче.
руските убијци убиваат Украинци секој ден, потребна ни е помош со муниција и средства за противвоздушна одбрана што е можно поскоро! pic.twitter.com/trYe6iqQAK

— Larysa Dir (@dir_larysa) October 5, 2023

Гувернерот на Харкив, втор по големина во Украина, изјави дека шестгодишно момче е меѓу 49-те лица убиени од гранатирање во селото Гроза, каде што спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат урнатините. Уште шестмина се повредени, меѓу кои и една млада девојка.

Нападот врз селото Хроза, западно од Купијанск, е еден од најсмртоносните напади врз цивили од почетокот на војната, објави Би-Би-Си.

Овој напад е извршен откако стана очигледно дека на воен план, рускиот агресор трпи загуби и со месеци е во дефанзива. Руската Црноморска флота е принудена на големо повлекување од пристаништето на Крим, како што објави американскиот Институт за проучување на војната, илустрирајќи го со зборовите на британскиот министер на вооружените сили, Џејмс Хипи, кој рече дека флотата претрпела „функционален пораз“.

Во текот на првите денови од октомври, според сателитските снимки, најмалку 10 од елитните воени бродови на Владимир Путин се повлекоа 237 милји во правец на руската територија, поточно од Севастопол до Новоросијск, по засилените украински напади во последните недели.

Овој ѕверски напад врз украинските цивили е воено злосторство и, очигледно, се спроведува во знак на одмазда за воените порази што ги трпи агресорот на бојното поле.

Џ. Д.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: воено злосторстворуска агресијаХаркив
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ