• Latest

Рускиот нобеловец ја нуди наградата во замена за помош на украинските бегалци, еднаков глас на жените и мажите, Зеленски спремен на компромис за НАТО

March 22, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Рускиот нобеловец ја нуди наградата во замена за помош на украинските бегалци, еднаков глас на жените и мажите, Зеленски спремен на компромис за НАТО

March 22, 2022 16:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Рускиот новинар Дмитриј Муратов ја продава Нобеловата награда за помош на украинските бегалци

Рускиот новинар Дмитриј Муратов денеска најави дека ќе го донира медалот на Нобеловата награда за мир, што ја доби минатата година, за да биде продаден на аукција за собирање средства за помош на украинските бегалци.

Во независниот весник „Новаја газета“, во кој тој е главен уредник, Муратов ги повика луѓето „да споделат со бегалците, ранетите и децата на кои им треба итно лекување она што им е вредно, а што има вредност и за другите“.

Тој побара помош од аукциските куќи за организирање на продажбата.

Муратов минатата година ја подели Нобеловата награда за мир со филипинската новинарка Марија Реса.

Тој рече дека својот дел од парите ќе го подари во добротворни цели, меѓу другото за независните медиуми, домот за изнемоштени во Москва и деца со спинални проблеми.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Генералната дирекција за воена соработка на вооружените сили на Украина, утрово издаде ажурирани оперативни информации во врска со руската инвазија, кое стапува на сила во 00:00 часот на 22 март 2022 година, дваесет и шестиот ден од херојскиот отпор на украинскиот народ кон руската агресија.

Според дирекцијата, на воената агресија и доаѓа крајот. За време на борбените судири, непријателот привремено го задржува копнениот коридор со  што го окупира Крим и го блокира пристапот до Азовското Море.

Десет болници се целосно уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, информираше украинскиот министер за здравство Виктор Лашко, во своја изјава на националната телевизија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да преговара за повлекување од влезот на Украина во НАТО доколку Русија се согласи на прекин на огнот, повлекување на руските сили и безбедносни гаранции во Украина.

Во Северодонецк, регионот Луганск, руските агресори пукаа на цивилите кои чекаа ред пред самопослуга, убивајќи и повредувачќи луѓе, пренесува Укринформ.

Како резултат на вооружената агресија на Руската Федерација против Украина, досега се убиени 117 деца, а повеќе од 155 се повредени.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Тренчевска: Жените и мажите треба да имаат еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот​

Концептот на еднакви можности е еден од клучните приоритети на Владата на Република Северна Македонија, што значи дека жените и мажите треба да имаат еднакви права и  еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во обраќањето на 66-тата седница на Комисијата за статусот на жените во ОН во Њујорк.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ На собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска помина Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се бара пратениците на Собранието да се избираат со пропорционален модел без изборен праг и со Д’Онтов модел на распределба на мандати, при што државата би била една изборна единица.

ЕКОНОМИЈА Во рамки на Отвoрен Балкан, денеска во Белград министерот за земјоделство Љупчо Николовски на работниот состанок со српскиот  министер за земјоделие Бранислав Недимовиќ, постигнаа договор во следните 7 до 10 дена да се тргне забраната за извоз од Србија во Северна Македонија на производите пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да почне испораката на количините што се договорени меѓу економските партнери од двете држави.

УСЛОВ Прво да се смени македонскиот Устав и да се внесат Бугарите, а потоа Бугарија ќе го крене ветото за преговарачката рамка во Брисел и Македонија ќе може да ги почне преговорите за членство, повторно порача бугарскиот премиер Кирил Петков во најновото интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

АНКЕТА Педесет и осум проценти од младите би се иселиле од државата, а 64,8 проценти се незадоволни од своето место во државата, покажуваат податоците од истражувањето изработено од Фондацијата за демократија на Вестиминстер, на кој учествувале околу 1 000 испитаници.

МУЛТИКУЛТУРА

Средба на ЦИВИЛ со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

Претставници на ЦИВИЛ денеска остварија средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, по повод почетокот на реализацијата на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“.

Претставници на ЦИВИЛ на средба со Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи

Претставниците на организацијата го информираа директорот Сотировски за активностите во рамки на проектот, што ќе бидат насочени кон промоција на мултикултурализмот, почитувањето на различностите и недискриминацијата во општеството како фундаментални човечки и европски вредности.

Сотировски, истакнувајќи ја важноста на темите опфатени во проектот, изрази поддршка за активностите на организацијата и заложбите за мултикултурно општество.

ДИСТРИКТ

Кировски: Војната во Украина е пораз на дипломатијата и победа на агресијата

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Атанас Кировски – новинар, уредник, колумнист, главен уредник, еден од првите македонски БиБиСи пионери.

СЛОБОДНА ЗОНА

Виталиј Портников

„Путин сака да го запре процесот на европска интеграција на балканските земји, исто како што во 2013 година сакаше да го запре процесот на потпишување договори за асоцијација со Европска Унија од страна на поранешните советски републики. Затоа, тој реши да избере „слаба алка“ – Босна и Херцеговина, чија државност е тешко да се нарече ефективна, пред сè, поради систематското противење на процесот на изградба на обединета држава од страна на босанските Срби. И да, ова е вистинско „украинско сценарио“, чие решение го гледаме кај нас, во Украина.“ читајте во анализата на Виталиј Портников „Нова војна во Европа“.

 

Сотир Габелоски

„Веќе долг период наназад Франција е таа која ја влече локомотивата на одбраната. Инсистира на поголемо вложување, исполнување на барањата на НАТО, работи на интеграција на европската одбрана и Макрон ја промовира идејата за европска армија. Со коронавирусот сите овие планови како да останаа во втор план, но низ пандемијата се виде дека токму одбраната е неопходна за справување со здравствена криза во која се бара транспорт на вакцини и друг материјал, комуникација и размена на технологии.“, прочитајте во коментарот на Сотир Габелоски „Ваков пресврт само Путин можеше да предизвика“.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ