Рускиот суд во Москва во понеделникот ги забрани Фејсбук и Инстаграм во земјата, откако ја прогласи платформата Мета ( сопственик на Фејсбук и Инстаграм) за „екстремистичка“ организација, пренесе Ројтерс повикувајќи се на руската новинска агенција ТАСС.
Русија веќе го забрани Фејсбук поради ограничување на пристапот до руските медиуми, додека Инстаграм беше блокиран откако Мета рече дека ќе им овозможи на корисниците на социјалните мрежи во Украина да објавуваат пораки во кои повикуваат на насилство против рускиот претседател Владимир Путин и војниците што Москва ги испрати во Украина на 24 февруари.
Од Мета сеуште нема одговор на барањето за коментар за руската забрана.
Подготвил Д.М.