Продолжи првото судење во Киев на руски војник обвинет за воени злосторства. Првиот руски војник, на кого му се суди за воено злосторство во Украина,Вадим Шишимаринин (21) побара прошка од вдовицата на човекот што го уби, објави Би-би-си.
– Но, разбирам дека нема да можете да ми простите, додаде 21-годишниот Вадим Шишимарин, кој може да добие казна доживотен затвор.
Тројца судии денеска ќе го слушнат сведочењето на Шишимарин, како и тоа на сопругата на жртвата. Двајца сведоци ќе бидат повикани од страна на Обвинителството, вклучувајќи и уште еден руски војник, кој бил во истото возило со обвинетиот, кога тој пукал.
Сопругата на 62-годишниот украински цивил убиен во првите денови од инвазијата, Катерина Шелипова на сослушувањето во судот во Киев се соочи со рускиот војник кој го убил.
Шелипова го праша Вадим Шишимарин што чувствувал кога го убил нејзиниот сопруг?
Тој одговори дека не сакал да ги истрела фаталните истрели, но му се заканувал друг војник.
Обвинетиот Вадим Шишимарин вчера стана првиот руски војник кој целосно ја призна вината на суд за убиство на цивил во регионот Суми на сослушувањето во Киевскиот окружен суд Соломијански
Други двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, признаа вината за „прекршување на правилата на војната“ и утрово се појавија на суд., објави на Твитер Доминик Вагорн, уредник за меѓународни односи на Скај њуз.
Russian soldiers Aleksandr Bobykin and Aleksandr Ivanov plead guilty to violating the rules of war in Ukrainian court. #ukraine pic.twitter.com/IQ4Vnk0ZBb
— Dominic Waghorn (@DominicWaghorn) May 19, 2022
Тие се обвинети за гранатирање на цивилните области на Украина со ракети ГРАД.
Подготви: Д.Мишев