Претставниците на руското Министерство за надворешни работи продолжуваат да злоупотребуваат застарена тема на „светски ционистички заговор“.
Портпаролката Марија Захарова објави нова лажна вест велејќи дека таканаречените „Војници на среќата“ од Израел се борат рамо до рамо со нацистичката формација „Азов“ во вооружениот конфликт во Украина.
Покрај тоа, таа ја нарече „злобна“ реакцијата на Израел и многу други земји на антисемитските забелешки на Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Всушност, дури и главниот рабин на Русија, Берел Лазар беше принуден да интервенира на оваа скандалозна изјава на Лавров истакнувајќи дека тој верува дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров треба да ја препознае својата изјава за еврејското потекло на Адолф Хитлер, како погрешна.
Ништо не ја спречува апсурдната реторика на Русија.
Сергеј Глазиев, економски советник на Путин од 2012 до 2019 година, смета дека украинските власти ќе
се обидат да го населат Донбас со Евреи, а Русија треба да го спречи тоа.