fbpx
Фото: Генералштабот на вооружените сили на Украина
Барак Обама
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)
Фото: МИА архива

Русковска: Ова не е суспензија против Русковска, ова е суспензија на правото и суспендирање на правдата (Видео)

Ова не е суспензија против Русковска, ова е суспензија на правото и суспендирање на правдата, изјави шефица на Основното јавно Обвининителство за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители на Решението за нејзина суспензија од Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

„Само што доставив жалба до Советот на јавни обвинители. Членовите треба да се запознат со содржината на жалбата во која ги побивам наводите во Решението. Без разлика што имаше соопштение дека предметите кои ги водам ќе продолжат со несмален интензитет, не верувам дека било кој колега ќе продолжи да постапува по нив, по ова што ми се случува мене“, изјави Русковска пред новинарите по поднесување на жалбата за нејзина суспензија.

Русковска во Советот на јавни обвинители се појави во придружба на телохранители чии услуги, како што рече, ги користи веќе некое време.

Извор: НоваТВ

 

Print Friendly, PDF & Email

CIVIL MEDIA NEWSLETTER