Премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека неговата земја ќе и обезбеди на Украина повеќе тешко оружје и ги повика другите земји да го сторат истото. Изјави ја даде на заедничкиот брифинг со претседателот на Украина Володимир Зеленски во Киев, јавува дописникот на Укринформ.
„Се разбира, на Украина и треба нашата воена поддршка. Треба да ја поддржиме Украина со модерно оружје. Ги повикувам сите мои колеги во Европа и во другите делови на светот да и помогнат на Украина со тешко оружје. Нашата земја ќе обезбеди тешко оружје, оклопни возила и самоодни хаубици. Сакам да ги повикам нашите сојузници да го сторат истото“, рече холандскиот премиер.
Тој истакна дека војната што ја започна Русија против Украина може да трае подолго отколку што сите очекуваа. Сепак, тоа не значи дека светот може да застане назад и пасивно да набљудува што ќе се случи, нагласи Руте.
Претседателот Зеленски истакна дека Холандија е меѓу првите десет партнери на Украина во однос на обезбедената безбедносна помош.
„Оддрживме значајни преговори кои уште еднаш ја докажаа нашата подготвеност, подготвеноста на нашите држави, Украина и Холандија, да работат заедно и што е можно поефективно во интерес на цела Европа. Веќе е направено многу. Во однос на со обезбедената безбедносна помош, Холандија е меѓу првите десет партнери на Украина“, рече претседателот на Украина Володимир Зеленски на брифингот со холандскиот премиер Марк Руте во Киев.
Во тој контекст, претседателот ја посочи одлуката на холандската влада да и обезбеди на Украина дополнително тешко оружје. Тој, исто така, истакна дека владата на земјата-партнер неодамна одвоила 200 милиони евра дополнителна финансиска поддршка за Украина. Според Зеленски, оваа одлука ќе помогне во финансирањето на плаќањата за украинските наставници, здравствените работници и пензионерите.
Претседателот на Украина, исто така, подвлече дека Холандија дала значаен придонес во притисокот на санкциите врз Руската Федерација. Тој нагласи дека треба да продолжи да се работи на зголемување на овој притисок.
Претседателот Зеленски рече дека го информирал холандскиот премиер за ситуацијата на линијата на фронтот и опциите за нејзин развој.
„Мораме да направиме се што е можно за да ги истераме сите окупатори што е можно поскоро и да го вратиме нормалниот, демократски живот и по можност на целата територија на нашата независна држава“, нагласи Зеленски.
Тој додаде дека на средбата со Руте се разговарало за тоа кои нови чекори би можеле да обезбедат постигнување на горенаведената цел, особено одбраната, санкциите и економските.
Премиерот на Холандија Марк Руте е во работна посета на Украина. Тој веќе ги посети градовите Ирпин, Бородинка и Буча во Киевската област, кои беа уништени од руските освојувачи.
Подготви: Д.Мишев