• Latest

Се огласи и НАТО, радикализирањето на ВМРО ДПМНЕ го запали безбедносниот аларм!

February 27, 2017
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се огласи и НАТО, радикализирањето на ВМРО ДПМНЕ го запали безбедносниот аларм!

February 27, 2017 17:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Токму во време кога потпалувачката и радикална реторика на ВМРО-ДПМНЕ ја достигнува точката на „вриење“, во моментите кога првиот човек на (сè уште) владејачката партија, Никола Груевски не се ни воздржува јавно да го повика народот во одбрана на криминалното владеење, но и на сопствената кожа,  пристигна и студениот туш од НАТО.

Пишува: Петрит Сарачини

И тоа, пораката од Брисел не дојде од некој портпарол, служба за односи со јавност, туку преку изјава на првиот човек на најмоќниот воено-политички сојуз на планетава, генералниот секретар Јенс Столтенберг, лично и персонално.

Потсетувајќи на изјавата на Алијансата од последниот самит во Варшава во јули 2016, со која се повикуваат политичките лидери во земјава да ги исполнат обврските од Договорот од Пржино, што се карактеризира како рамка за одржливо решавање на кризата, Столтенберг се осврнува на декемвриските избори. Нив ги смета за нужен предуслов за надминување на кризата кои, според него, добија преодна оценка, но и констатира дека во согласност со барањата на претседателот Иванов, сега се собрани доволно потписи за составување на нова влада.

„Очекувам од властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес. Ги повикувам сите страни да демонстрираат воздржаност во нивните изјави и дејствија, и да донесуваат одлуки за доброто на сите граѓани“, се потенцира во изјавата на генералниот секретар на НАТО.

Има многу причини за палење на безбедносниот аларм во Брисел. Тие, пред сè, може да ги пронајдеме во односот на ВМРО-ДПМНЕ кон евро-атлантските интеграции во текот на сите изминати години, а особено, по самитот во Букурешт во 2008 година. За начинот на кој власта си играше „топло-ладно“ со оваа стратешка определба која е есенцијална за безбедноста и сигурноста на Македонија, можеме да напишеме томови. Но, на крајот, целото дејствување на оваа партија но и на државните институции окупирани од неа во последнава деценија, може да се сведе на следнава констатација: Во формалната комуникација и соработка со меѓународните институции и јавност, ВМРО–ДПМНЕ и Груевски постојано „играа“ улога на конструктивен партнер и верен сојузник, додека во домашната јавност и во секојдневното институционално и вонинституционално дејствување, правеа сè што е во нивна моќ да ја оддалечат земјата од тој курс.

Последниве неколку месеци, особено за време на предизборната кампања, но и во овој постизборен период, ја видовме и „суштината“ на оваа стратегија, соголена до бруталност. Транспаренти на митинзите на партијата со која Алијансата се прогласува за терористичка организација, маици со ликот на Путин, некролози со странски амбасадори, обвинувања дека странците се дел од сценарио за уривање на државата, директни закани кон претставниците на дипломатскиот кор, јавно прераскажување на средбите со дипломатите што е надвор од секоја дипломатска пракса, барања за дополнителни објаснувања на јасни и недвосмислени изјави кои доаѓаа од амбасадите или од ЕУ… Сето тоа, се разбира, за „јакнење“  и „храбрење“ на сопствените редови и следбеници.

А, од друга страна, интересно, во комуникацијата со меѓународната заедница и меѓународната јавност, ВМРО-ДПМНЕ имаше сосем поинаков пристап од „цврстината“ и „непоколебливоста“, која се спроведуваше како стратегија за домашна употреба. Наместо тоа, се употребуваа сите можни меѓународни политички врски, пари, лобирања, состаноци, посети…, за да се „одоброволи“ Запад да „замижи“ пред она што се случува во земјата, нудејќи за возврат, продолжување на „конструктивното партнерство“.

Но, пораката на Столтенберг е јасен сигнал дека таа приказна не поминува во Брисел. Таа подгреана, бајата чорба веќе не ја јадат ниту кучињата покрај празните македонски контејнери, а камоли една структура како НАТО, која е добро информирана за она што се случува во Македонија, далеку подобро отколку што си мислат „спин докторите“ на Груевски или пак, неговите разгракани мегафони, кои деновиве интензивно и повторно повикуваат на „одбрана на Македонија“, користејќи ги сите можни простори, од националните телевизии, па сé до маалските штабови и „кооперации“.

А што е она што е најбитно, а што можеме да го заклучиме читајќи го она што е запишано во најновиот абер од генералниот секретар НАТО, но и меѓу редовите?

Прво и најбитно: Фактот дека за кризата во Македонија се огласува Алијансата и нејзиниот прв човек, го поместува битно тежиштето и начинот на кој меѓународната заедница ќе реферира кон кризата во Македонија во иднина. Имено, сега слободно може да речеме дека и за меѓународната заедница, тоа што се случува во Македонија не се третира само како политичка, туку и како безбедносна криза. А, тоа значи дека и вниманието на Брисел кон Македонија, сега нема да се рефлектира само преку прилично стерилните пораки „во ракавици“ кои доаѓаат од бирократските и политичките структури на ЕУ и Европската комисија. Таквите и досега, прилично неуспешно ги адресираа токму оние „движења“ и „процеси“, што најмногу придонесоа земјата да се најде во „ќорсокакот“, за кој толку многу се зборуваше во извештаите за напредок на ЕК.

Тоа, секако, значи дека Македонија влегува во една деликатна фаза, во која се возможни секакви сценарија, но и дека земјата, во недостаток на соодветен институционален одговор на повиците за насилство и конфликт меѓу граѓаните, треба да ги мобилизира сите продемократски сили за да не дозволи ефектуирање на стратегијата на Груевски за внесување на земјата во состојба, која ќе значи уште повеќе страдања и одложување на евроатлантските перспективи на подолг рок.

Констатацијата на Столтенберг дека се собрани потписите за формирање влада, јасно упатува на ставот на НАТО околу тоа какви чекори треба да следат понатаму, во поглед на разрешување на кризата, која ја окупира земјата веќе подолго време. Што се однесува до јасниот повик за воздржување од насилничка реторика, тој е секако упатен кон оние, кои таа реторика ја употребуваат најмногу и најчесто.

Кои се тие насилници, веќе знаат и врапците во Брисел, а камоли Столтенберг…

Tags: безбедносен алармГруевскикризаМакедонијаНАТОпредупредувањеспин докториСтолтенберг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ