„Музејот на НОБ во Крушево е оставен на забот на времето. Фасадата на објектот се распаѓа од сите страни. Влага тече по надворешните ѕидови, а околу објектот има многу нечистотија“, известува еден граѓански новинар од Крушево, којшто избра да остане анонимен.
Во веста испратена до ЦИВИЛ Медиа граѓанскиот новинар пишува дека овој музеј во којшто треба да биде сместен дел од културно-историското наследство од светлата револуционерна историја на Крушево и на Македонија е, всушност, затворен за посетители.