• Latest

Се заврте кадровската вртелешка

August 10, 2017

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се заврте кадровската вртелешка

August 10, 2017 13:12
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Локалните избори се распишани, Државната изборна комисија е подготвена, барем декларативно, за практично допрва ќе видиме, партиите предвреме ја започнаа својата кампања, како на терен, така и во медиумите и на социјалните мрежи… Неизвесни се само кандидатите за градоначалници и советници.

Безбројни се калкулациите и шпекулациите околу можните кандидати, но конечната понуда ќе се знае по 20 август, а според роковникот, листите на кандидати треба да се поднесат најдоцна до 9 септември.

Од сите имиња кои се „вртат“ во јавноста, Златко Марин, претседател на Општинската организација на СДСМ во Аеродром е речиси сигурен кандидат на власта за градоначалник, Речиси исто толку сигурна е повторната кандидатура на актуелниот градоначалник Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.

Центар е една од најинтересните општини и допрва ќе се одлучува кој кандидат ќе ја има поддршката од СДСМ. Актуелниот градоначалник Андреј Жерновски (ЛДП), веќе најави дека од граѓаните ќе бара втор мандат, бидејќи има уште многу проекти за реализација и се надева на поддршка од лидерот на СДСМ, Зоран Заев. А ако не ја добие поддршката од владејачката партија, не се исклучува да оди на избори и како независен кандидат со своја листа на советници.

Големи шанси да биде кандидат за градоначалник на Општина Центар има и актуелниот директор на ЈП ПОЦ и претседател на ОО на СДСМ – Центар, Саша Богдановиќ, кој се надева на гласовите на верните партиски  гласачи на СДСМ, а кој, неофицијално има поддршка од месните одбори на партијата.

Во Кисела Вода, од СДСМ сериозен кандидат може да биде Филип Темелковски, синот на Зоре Темелковски, но за трката се споменува и Елена Костова.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека сериозно со месеци се работи на подготовките за локалните избори и утврдувањето на кандидатите, се спроведуваат анкети, разговори… Но, не очекуваат кандидатите да бидат утврдени пред 5 или 6 септември.

Засега како извесна, неофицијално се споменува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за повторната кандидатура на Стевчо Јакимовски во Карпош. Негов противкандидат од владеачката партија најверојатно ќе биде Душко Весковски.

Што се однесува до кандидатите на ДУИ, партиски извори велат дека речиси е сигурно оти актуелните градоначалници на Тетово, Гостивар и Дебар, Теута Арифи, Невзат Бејта и Ружди Љата повторно ќе се кандидираат за функциите, исто како и градоначалникот на Општина Желино, Фатмир Изаири.

ДУИ за општина Чаир ќе треба допрва да бара кандидат што ќе го замени Изет Меџити. Првичниот план во партијата, според неофицијалните информации оттаму, бил за ова место да се кандидира Бујар Османи, по неколку месеци на министерска функција, но наводно, тој сега се пишманил.

Што се однесува до првата функција во Скопје, сѐ почесто се споменува името на актуелниот пратеник на СДСМ, Петре Шилегов, но од партијата ниту се потврдува ниту се демантира оваа информација.

Актуелниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе влезе во трката за претстојните локални избори, бидејќи зад себе веќе има два успешни мандата.

Едно од имињата кое се спомнува во јавноста е и претеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски. За него се шпекулираше дека ќе биде кандидат за градоначалник на  Кисела Вода, претходно се спомнуваше и Општина Бутел. Тој ваквите информации во јавноста ги демантираше, велејќи дека не се пријавил на партискиот повик за кандидати за градоначалници.

 

Tags: АрифиБетаВМРО-ДПМНЕградоначалнициЖерновскиЈакимовскиЛокални избори 2017СДСМТарчуловскиТрајановскиШилегов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ